морничави несв.
морничав прид.

морничави (несв.)

Се морничавеле исплашени од многуте прикаски дека мечкиниот свршеник ќе почне да се дебели од женско месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Месечината ги пробиваше здружените круни на дрвјата под окитот во ретки, испокинати и морничави светли пруги, кои на таа модрикава темнина ѝ дава некоја сина глобочина, а самите во една ваква зачмаеност личеа повеќе на врескање, отколку на месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Одвреме-навреме по некој од познаниците ќе се присетеше да му го посети вечното почивалиште. И сите се морничавеа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Уште две љубовни истории ја потресоа Потковицата, и двете носат печат на времињата на завојувачите и тие такви, морничави, печати отиснаа во душите на жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го измислив ли пред тоа, разговарав ли со својата треска што пак со брзи отчукувања почна да ме морничави под плешки?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кални улици се спуштаа од станицата. Небото надурмено - росеше по малку и сешто морничавеше од обилна студена влага.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во стапицата на ноќта врескавите гласови ги морничавеа живите; пијаните ветуваа дека на попот ќе му го скршат грбникот, не ќе купува тој и потаму женски души за шарена басма со напечатени цветчиња и пеперуги.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во финалето на последното кажување Веселин, Мена и малиот раскажувач ќе слезат кон полето исполнети со дрвени некролози и ќе почувствуваат неодложна желба да ги уништат табличките, тие морничави белези на умирањето: „Сите овие проклети крстови ќе ги искорнеме, рече Веселин, сите до еден.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислел дека ќе се смири, ќе се допокрие и ќе му се врати со морничавење на сонот, на кошмарот од кој веќе не можел да се ослободи ни буден, со воздишка од која студена молскавица ќе го жегне преку душникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со засипнат глас од кој и мртвите сенки се морничавеле, му раскажал што се случило. И паднал со пена на усните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Заедно со неа се разбрани и студено, морничаво ветре; морничаво како што се морничави и снагата, и мислата и душата при секое вакво исчекување, при секое судбоносно и важно решавање.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повремено, кога неговата глава како црна точка ќе се издигнеше над површината на морето, до брегот допираа неговите морничави довикувања: - Помош! Помош, луѓе!... Во близина немаше ниту едно кајче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Во својата очаеност, понижена или посрамена, сеедно, Фиданка Кукникова го понижила и го посрамила - топлината на нејзиното месо сѐ уште му ја морничавела младата кожа...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но штом ќе се напластеше снег, со морничави ноќни завивања го покажуваа своето присуство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа доаѓаат морничави ноќи, долги и досадни.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пак неговиот здив ќе им ги кине жилите а истинатата крв ќе се згрутчува околу коските и ќе ги морничави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можеше да протпостави: белата кожа на Јана се морничави и прска под туѓи прсти, под раширени и подвижни краци на мал полип, прсти - слух во своите врвови за таинствениот шум на секој зглоб и секој мускул. ...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Зашто, додека морничавевме од уфрлање вулгарни изрази во беседите - свечените, судбените, великодостојните - додека се противевме на облиците незауздана, сладострасна и мекоплотна речитост нашиот јазик неодложно умираше а нивниот се создаваше, рајскиот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе