мравјалник (м.)
Мравјалник е долу од луѓе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И некои црвени и царски мрави ги оставаат мравјалниците и некои црни и непознати бубачиња идат. Првпат видени и првпат сретнати.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го одведоа во топлиот мравјалник и го нахранија.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Уште мајсторите да ја бојадисаат фасадата во бело, и тој, со жената и двете деца, конечно ќе може да се пресели од оној мравилник во ова спокојно, тивко местенце.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Мравјалниците беа отворени; околу нив свежа ситно обработена земја, просеана како низ сито.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И натрчавме озгора, од окопите, од двете страни на реката. Бугарите од лево, ние од десно. Мравјалник.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Седиш во овој најбеден од сите мравјалници на оружените сили, врз својот газ што станува секој месец сѐ подебел.
„Малиот дожд“
од Томас Пинчон
Како засвири - ех! На мравките им се стори дека со неговата свирка во мравјалникот влезе летото!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Еда, одам така и збирам, а едно мечиште, еда, ба му ти е мртви, беше нагазило еден мравјалник, еда, се расчекорило мечиштето над мравјалникот и лижи дали лижи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
За сѐ беше рано; освен да се наврат кратките панталони, да се наметне летната кошулка, да се нагазнат парталавите патики и да се даде на машко одење, не пешачење не како шетање туку брзање како доцнење, додека не му потече пот од првиот прешлен на вратот до последниот прешлен на опашот и додека шаторите не се разврчат и не развреват како нагазнати мравјалници.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Штурчо! Штурчо! - викаа помладите мравки и мравови, на кои веќе им стануваше здодевно долгото седење во затворениот мравјалник.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)