набрзина прил.

набрзина (прил.)

Замрморува набрзина и го смирува лицето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Драги другари, Писмово го пишувам набрзина и несредено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Набрзина од својата глава ја избрка мислата дека тоа не значи дека Дарко не е посинет на некој друг дел од телото и дека тоа воопшто не му е никаква гаранција дека не го малтретираат во логорот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Служителот дал набрзина заклетва и потоа отворил повеќе плочи на празни гробови и ги скрил пушките и барутот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ја истресе правта од парталавата униформа и набрзина истрча од крвавата соба.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Некои луѓе што сакаа да излезат од лифтот, ги видоа така купче и помислија дека го згрешиле катот, па во недоумица се вратија и набрзина продолжија нагоре, подалеку од тие лудаци.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пак трчајќи фатив ново такси. На автобуската набрзина земав билет и среќно заминав за Скопје.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На враќање ги собра писмата од сандачето. Набрзина фрли поглед на сите. Сите беа за комунални давачки адресирани на машина за пишување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Легнувам набрзина врз јорганот, облечен, одмарам... Ќе заспијам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пак со вообичаената рутина набрзина подготвив малку јадење за тебе и го распоредив во пластични кутиички, сварив чај со мед и отидов на пазар да купам една пиперка, домат и кромид што ми ги нарача претходниот ден.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Набрзина ги нафрла работите во торбата и ја остави до вреќата со солта и тенеќијата со газијата и му рече на Бабовчето да постојат тука додека да го продаде сирењето, да земе пари, да му ги плати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Претходната вечер се состанаа набрзина на улица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Старицата набрзина се прекрсти и замина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мораше набрзина да голтне парче чоколада, бидејќи почувствува како ѝ далдисува снагата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Набрзина и со голема лутина В ги собра играчките во најлонска вреќа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Се упатив кон првиот телефон. Набрзина ги свртев броевите на резиденцијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја вадевме фиоката којашто беше над заклученото шкафче и ги вовлекувавме детските тенки раце низ празнината, со прстите набрзина зграбчувавме од локумот и си стававме по едно локумче в уста.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Литературните обиди на македонските пишувачи во XIX век, за жал, немаа такво значење за да добијат следбеници, затоа ако и сега во XX в. гледаме некои обиди да се пишува на македонски, тоа не се прави свесно и од некакви патриотски влечења и цели, ами само за забава; 159 Во тоа се состои разликата на нашата, т.е. македонската духовно-национална преродба од онаа на другите православни словенски народи, со други зборови: како што понапред ние постепено и први се просветувавме со христијанството и со писмото, а другите Словени – по нас и набрзина, така пак сега, во времето кога сите православни Словени постепено си изработија свои литературни јазици, свои богати литератури и постепено изработени правописи, ние остануваме поназад од сите, тукуречи без литературни традиции – не затоа што ги немаме, а зашто го забораваме своето изучувајќи го туѓото.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Потсетувањето на настанот ја наполни со болка и набрзина ја забриша Пела и ја стави да спие, а таа се врати во бањата и долго стоеше под тушот полевајќи се само со студена вода!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Се спреми набрзина и за време на појадокот им објасни на родителите за што се работи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Повеќе