набрзо (прил.)
Од бездна на кладенец шуртел чад и му ги затемнувал очите на изненаденото сонце што набрзо заприлегало како да ноќевало во стара баџа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И набрзо ни стигна писмо дека тате загина за величината и славата на мајка Грција...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Набрзо почна и пепел да му се качува и да го запретува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Има сила да те оздраве од сѐ зашто низ неа најбрзо расте - заборавот...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Надежите за подобар живот не се темелеа само врз уверувањето дека ќе дојде до важен исчекор во остварувањето на личните и политичките слободи и права, туку и врз убеденоста дека ќе се излезе од повеќегодишната економска криза, а животниот стандард набрзо ќе се приближи до оној на западните земји.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Набрзо ги распозна корпусите на бродовите на кои се држеа јарболите. Ги виде на палубата разрошканите глави на морнарите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Дали никој од оштетените луѓе не беше слушнал за формален документ или едноставно сакаа да ги инвестираат емоциите во нов Тито, наместо во своите потомци кои набрзо стануваа огромен товар, беше бизарно да се размислува.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Набрзо ми беа благодарни и пуштија млади лози.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Набрзо потоа се случи и она, претепувањто на луѓето од началството, кога мајорот Загориќ и неговите катили со ножици им ги сечеа меса од мускулите на мажите и со скршени срчи им ги гребеа писките на нозете.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Набрзо наоѓа куфер, го празни од силната облека и почнува со најголема концентрација да ги брои и реди парите во него.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Трчам најбрзо што можам да трчам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тој се одушевувал од сите настраности на светот а неговиот „кабинет на чуда“ набрзо станал славен во Европа.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Молчешкум црната редица набрзо ја фаќа угорнината.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Девојките дури верувале дека во ваквите нивни постапки секогаш е присутна добрата намера, бидејќи токму исмејувањето најбрзо им ја враќа разумноста на лековерните..
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
После сето она што го минавме на претходното место воопшто немавме примедби на куќава, но набрзо по вселувањето секое утро почнав да забележувам траги од тела на некои крупни бубачки по тепихот на долниот кат; случајни, како мртви глисти на улица после дожд; а кога прв пат ги здогледав, личеа на топченца волна или парченца кал од детски чевли, или, понекогаш, ако завесите се навлечени, толку потсетуваа на дамки од мастило или темни изгореници што се ужаснував, бидејќи, уште на самиот почеток, тој дебел тепих ме беше престрашил, па првата недела чекорев по него посакувајќи чевлите да ги прождерат моите боси стапала.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Речникот на „Мост” набрзо бил збогатен со магијата на маски, со острите испрекинати цртежи и со грамадната цврстина на фигурите.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Мислев набрзо да се отарасам од неа и да си купам нова кола, инвестирав 0 евра во моторно масло и останати делови.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Во Маказаречката река останаа уште некои јаблиња кои набрзо ќе се исушат без дотекот на водата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Мајкиниот гроб е првиот ѕидан гроб во Потковицата и првиот Акиноски гроб во Потковицата, а по него и набрзо потоа дојде оној до него, на татка му...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Разговорот немаше срдечен тон и одеше во некој правец што не го знаев. Но, набрзо го дознав.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)