навек (прил.)
Блажени се оние што со храброст во своите срца ќе истраат да бидат она што од навек биле.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Прва му кама забија, кога го овчар пратиа и го од златно видело еднаш за навек тргнаа.
„Робии“
од Венко Марковски
(1942)
И нека е проколнат и за навек омрзнат и казнет оној што се одродил од народот, секој подлец што предавнички му пришол и му служел на непријателот и го оцрнил името на борбата и слободата што еден ден ќе грејне над целата наша земја ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
До колку вака изѕемнети, оклапушени, полежеа на суровиот мраз уште само полчас, превезот можеше да се претвори во модра коруба што ќе ги скамени за навек.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Иако беше за рушење на ваквите предрасуди, не ја оправдуваше ни онаа љубов во која безглаво се влегува и чија странична штета за навек остава траги.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Збогум за навек, народни предавници! — плукна пред Бориса и се оддели од нив, цврсто решен да не го остави народот во најтешките страдања.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Помислив да наберам и да сплетам венец. Се наведнав ниско, но не за да наберам цвеќе, туку да се поклонам пред сенките и правот на тие, кои тука распарчени останаа за навек...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Мислеше дека тогаш ќе умре таму, дека ќе ја доживее истата судбина како и Учителот, презрен од своите, исплукан од подбуцнатата толпа, дека неговото земно тело, веќе измачено од претходните патешествија, ќе остане за навек во Светиот град.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Немој погрешно да ме разбереш, посакувам за навек да останеш тука како моја родена ќерка.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но, сепак, среќен сум што си избрала погрешна личност, зашто ако тоа не беше така, сега не ќе наздравував со жената која ја сакав и ќе ја сакам сѐ додека за навек не затворам очи.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа која беше стручна за гатање и вражање, гласно извика: „Распуштеница во куќа, зло за навек“.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Треќе, те фатат ли да возиш цврцнат, си наебал за навек.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Зарем тука треба да седи за навек, плашејќи се да лета дење за да не го види некој?
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Се спуштаат тие по трње низ гранки камењари со товарот тежок на зграгореното време по сенката дур им се влечат со чекор премален и сончевото пладне и дождот на неверната пролет Патот негов е долг со пробудените гори во згаснатите очи низ мракот устремени кон солзите на таа што пазувата за навек му ја дари Се враќа сега поетот од домот негов пресен кон старата стреа на ридот во забрзаните води ликата што му ја бара и сенката сал му ја помни И на тој дален пат го придружуваат сите со замолкнатата песна што не знае да молчи и што кон биднината сонувана го води Недооден пат на тагата Воздишката на пролетта го следи кон хоризонтот на незгасливиот збор Се развева тој во замав нов како семе упатено кон отворените предели на надежта Враќање сега е тоа по свршената работа на смртта во часот глув Попусто на ништото таа песната да му ја предаде сака со процесијата тажна на прагот на муграта што огрева
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Не, не ти се лутам јас тебе: со безбоен плашт очите ти ги покрив, да не ме гледаш, па те испратив од мене за навек, одвојувајќи те со сенка, посенка од разделбата...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Беше сосема сигурна дека при следен бродолом ќе потоне за навек.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Само таму за навек ги покрива фина прашина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Но еден поглед, и еден збор и насмев. Ми го откраднаа срцето за навек!“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
... Погледни ме веднаш сенко моја што така немо си седиш и залудно ме следиш Не заборавај сенко, си втора по судбина, после мене А мора, мора да си наследила барем нешто од она што јас вешто некогаш го правев а ветерот го однесе за навек Побарај ме сега види Во мојот дневник Дали јас некогаш те славев и оставив аманет да продолжиш по мојот пат Заборави засекогаш на моите патила Извини за она што некогаш те мамев Врати ми сега, ако не си ми вратила
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Писокот од грлото на Јане се изгуби меѓу небото и правот на коњот, се заби во процепот кој за навек го однесе... ја грабнаа и Стојна на другите соседи...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)