навечер прил.

навечер (прил.)

Навечер веќе пред портите на перифериските улици излегуваат жени и си ги чешаат јазиците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Момчињата со загноени мозолчиња залудно се преколнуваат навечер да ги потргне завесите, уште еднаш да ја видат како шета гола од соба во соба.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сега вечерите се студени и треба да си носиш за навечер нешто потопло.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Низ мојата улица само јас поминувам и само навечер штом се успие тишината она се буди плашлива и измамена, измамена од гласот на далечината.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Деновиве забележав дека колку што работата на бунарот напредува, толку помалку луѓе доаѓаат навечер на гледање сеир и на давање совети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го мразев и небото што навечер се огледува во вирчето.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја здогледав празната лика на едноокиот како смрт како страшна прегратка Навечер ли беше од дното ечеше гласот на неговата смеа...
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Навечер дома седнуваше уште понастрана од него и уште построго го гледаше прашувајќи се дали на деда работата му е чиста или навистина, како што велат селаните, не му е.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Возен ред Камионот што собира ѓубре поминува во десет навечер, со жолтите ротациони осветлувајќи ни ги прозорците.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Навечер луѓето од селото се собираа во слаткарницата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Навечер пали оган па можат да ни летнат колибите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Навечер покривите од куќите горат од сончевиот залез.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Наутро и навечер дроздовите се натпреваруваа, но не им претставуваа конкуренција на мелодиите од неговата лира.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Навечер, ќе се слушнеше пукот, ’рскот и ропотно паѓање на дрво на кое далечината не можеше да му се одреди зашто укитот и сулундарите по стреите долго одѕвонуваа во темнината, како да офкаа наместо дрвјата осудени на таква смрт.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Навечер воларите се враќаа со полни капи јајца од диви патки и од диви гуски, а во неделите и празничните денови луѓето со кошници тргнуваа низ Беговски ливаѓе за да собираат јајца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Навечер уморно се враќаш во своето престојувалиште.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Одвај чекал навечер по вечера да се истркалаат во постелата и да го помоли: - Тате, ајде да ми кажуваш за чевлињата што ќе ми ги купиш за Велигден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Секоја година по едно скалило качувај се нагоре, ми вели, мрдни го газето, ми вели, и ме држи со испуканите дланки што навечер ги мачкаше со сало и со коломас за да му смекнат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе