навива (несв.)
на дуњава има многу дупки: дупки во времето дупки на патиштата (кон посветла иднина) дупки во умот и помнењето дупки во историјата дупки на кофите дупки во самите дупки во дупнатите дупки секој глас мигум исчезнува нема довикување, нема ехо нема навивање за нашите нема паради на гордоста нема врескање во маалата нема лелекања во градските населби ги нема ни паролите на пролетерите од сите земји дупнатите дупки се царство на глувотијата, мавзолеј во изградба на глувата глувотија во глувите дупки оглувуват деца пред да вкусат кисела зелка а старците веќе одамна оглувнати го трпат неизбежниот пораз што пред да пропаднат во глувите дупки им го претставуваа како живот некои старци сакаат да им пукне бојлерот додека се тушираат арно ама во глувите дупки и бојлерите експлодираат глуво и на тој начин го даваат својот придонес во размножувањето на општата глувотија во која старците загинуваат од глуви експлозии.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ти си песна, а јас нејзин пеач слушам како навива звукот шепоти тихо морничаво „Неповратен сон сонуваш!“
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Имам доволна временска дистанца од одлуките што сум ги носел некогаш, затоа сега без срам можам да кажам: Не навивав за фудбалскиот тим за кој навиваше татко ми од инает.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Го тресе еден часовникот, го навива и го тресе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Константин З заработуваше добро, воедно бележејќи и солиден раст по стрмната хиерархија на мемлосаната, веќе пристарена администрација во неговото министерство, навивајќи со сета сила за оние министри- президенти што на најистакнатото место во владиниот кабинет се менуваа, понекогаш со вртоглаво темпо, и коишто во помладите како него гледаа нова енергија погодна за какво-такво освежување во стариот бирократски поредок на државата воопшто и посебно на неговото министерство.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ги навива речениците: - Секое тело кое ротира подложно е на депресии.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Само пристојно се насмевнав и киднав, немајќи сила да му кажам дека сиротата Македонија, поради онаа грчка будалаштина, всушност навива за Меккејн.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Пријателите и роднините навиваа да се врати, и Марија стана мета на клеветничките обвинувања.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Браво капетане, капетане алал, секоја чест кормило мајсторе!“ – се раздрав со гласот мој цел, и ми дојде некако убаво, лесно на душата, и продолжив да навивам, да го бодрам...
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
2. Биди пристрасен. Навивај за својата работа.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Тој мој став го промовирав преку приказната за Кузман навивач, кој војната на комитите и турците ја набљудува од прозорецот на својата куќа, то ест од мирно место. Навива ту за едните, ту за другите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ти подаруваат потреба да ги навиваш од ден на ден, обврската да го навиваш за да остане она што е; ти ја подаруваат опсесијата да ЧАСОВНИК проверуваш колку е точно часот во излозите на златарите, вестите од радиото, преку телефон.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа навиваше за нивниот нов почеток. За некаде другаде, каде било.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Чај од јасмин? Тоа се славеи меѓу калинките, да. Шеќер? (Навива будилник.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
ТОМЧЕ: (Го вади од џебот саатот и го клава на уво.) Не работи. Не сум го... (Го навива.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Јас навивам за Македонија, а Фил не навива за Шкотска бидејќи е Англичанец.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
И, додека како папагал повторував „Македонија, Македонија“, божем навивам на натпревар, се сетив и реков „Македонија, Киро Глигоров, Македонија!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ми ставија на глава железен венец и почнаа полека да го навиваат, да го стегаат.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)