нададе св.

нададе (св.)

Да го разораме каменов и место плод неправдина да посадиме да врзе длабок корен и густи гранки да нададе
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Тамам минуваше крај една висока авлија преку која се надаваа бујни јорговани и над којашто се извишуваше трикатна куќа со фасада на којашто преовладуваше избледена сина боја со два балкона искомбинирани од мермер и ковано железо, чу како крцна дрвената порта на горниот крај на авлијата, украсена со ковано железо.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Си ги спомнија вчерашните ѕверства со дедовците им и нададоа да пискаат. Не можеше да ги смири постариот другар со никакви закани и заплашувања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И сред тие зборови, се надава мајка на чардакот и го викнува татка за ручек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Само ги надавав ушите и слушав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но господ на робјето виде од вишното небо колкав е нивниот ужас, и нададе уши стенчивиот глас да го слушне - плачот на тие што служат.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
— Држи ме да не паднам, вели Оливера Поточка, ене ги Лазор и Ристо, сега држи ме ти мене, вели и се надава да вика по нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Другите нададоа смеа и викотници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но кога пропеале трети петли и ко почнало да се разденува а Бошета уште го немало да се врати, стрико Никола сиот се вомјазил да не му се сторило ништо лошо и заедно со стрина Николица и со Атанаса ги разбудиле сите домашни и сите зедно, со запалени вивки и гламни, истрчале на срецело и надале гласови, троа навистински троа од навал, за сите да чујат каква нова несреќа ги снашла и да тргнат да го бараат Бошета.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја бара низ мислите девојката на која некогаш ѝ раскажуваше Што ќе пишува во писмото од нејзиниот младич утре што ќе ѝ го прати: На секој негов збор ѝ се надаваа, ѝ се поткреваа дојките,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Од горе, откај свијокот што почнува надолу од превалот се нададе камион.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се покажува едно препогането војниче, препесено, што се вели, се поткачува на еден камен и се надава вака напред.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дојките и задникот и беа толку нададени и впечатливи што ти се присторува дека секој час ќе попушти илои некое копче на палтото или патентот на суќната.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И само слушаш: леле, леле, леле - се надаваат гласови, не запира овкањето на крвта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Така си мисли и го капи малиот створ. Со спуштањето во корицето тоа нададе посилна пискотница.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се нададе весел пискот.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Кога се врати со котелот, позастана на вратата и слушна дека нејзиното Толе плаче та „папокот ќе му извресне", и место да го крене стрина му Митра, Доста чу со своите уши како Митра му нададе триста и триста клетви полоши и пострашни од оние што ги мислеше во себе кога и нарачуваа нарачниците на Нешка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Велика приписнува, надава гласови до Рудина, ја корне куќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Нејќев тоа да го правам... Сакав само да го потплашам и да се куртулисам од таа кучка, од таа аспидија, зашто откако ја имам земено, ниеден убав збор не ми има речено, туку ми фрла мунѕи и ми надава лоши имиња: Ушленко, Клепезе, Тололе, Шавре, Прде, Шапрдан, Ќепе...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тој само да го надава гласот: — Очен жалају что ви сама, очен жалају что ви сама.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе