наддаде (св.)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ги надаваат главите од зад сртот, зад мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Белата капа од главата на Водно се зголеми, некој невидлив ѝ наддаваше петли на долните рабови и растејќи слегуваше сѐ подолу и подолу додека најпосле не се претвори во бело платно што едно утро го открија врз покривите на куќите и врз калта на улиците.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
- Кој господ, бре, бамити господот, вели, јас сум сега господ, вели и се наддава кон мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)