надева несв.

надева (несв.)

Некоја жила уште му работеше и се надевавме дека ќе може да преживее.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сторив неколку чекори и се свртив надевајќи се прилично глупаво дека ќе успеам да откријам што видов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се надева дека ќе се отвори работно место за наставник во второто полугодие.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Но ако беше така, тогаш Бугарите можеа да им кажат јасно на Македонците, да не се надеваат на нив и можеби не ќе се добиеја тие резултати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не застанаа како што многумина се надеваа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе се надеваме оти турската влада и турската интелигенција ќе се уверат во сета штета што ја причинува таквата предрасуда и ќе се потрудат да ја искоренат и со тоа ќе ги поправат односите меѓу христијаните и муслиманите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во замена за тоа ние ќе имаме лице и право да се надеваме од нашиот великодушен господар да добиеме полна автономија во црковното и училишното дело и полна рамноправност пред законот и во месната самоуправа во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Светот во кој досега се движев е без вера, но не и луѓето кои живеат во него и требаше да ја сретнам твојата мајка за да сфатам и да се уверам дека има луѓе кои знаат да веруваат и да се надеваат во продуховеноста на денот, ослободени од демоните.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се надевам дека оваа шмизла нема неславно да заврши и да биде киднапирана од неколку цигани кои лесно можат да ја грабнат и да ја турат у циганска кочија па да ја продадат на некој продавач на старо железо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тој што не се надева или не знае да мисли или е кукавица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се надевам дека ја видел барем онаа светлина која сите ја гледаат - на крајот!
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И во своите педесет и три години се надевал дека ќе има деца.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа се надеваме дека книгава ќе им даде храброст и потребно знаење на македонските работници на кои им се ускратени или прекршени работничките права – тие да поведат и да победат во институционалната битка за нивна заштита и почитување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Маштеха моја ме излагала и ме дала на ваши руки да ме убиете, ама се надејам да ви оврне вам Бог за такво беззаконие.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Или можеби тој се надева јас да станам носталгична по него и кај мене да настане пресвртница и сѐ да биде како што беше порано.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Си живеевме си ја работевме земјата и се надевавме на поубав живот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Почна да станува навистина горд на своето тело и да се надева повремено дека и неговото лице исто така се враќа кон нормалата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Добро, можеш само малку да копнеш, да видиш на што можеме да се надеваме“, велам јас со молба како што моли очајник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се надеваше дека тој би можел да помогне во соработката.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се надеваме дека сосема бргу ќе видиш во што е работата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе