надојде св.

надојде (св.)

Зајдисонцето ме гледа од твоите очи на твојот лик продолжува да зрачи и в мракот што надоаѓа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Сонцето на пладне доаѓа да го надојам ноќта во мојата блажина се капе.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Веќе почнуваше да ми надоаѓа мачнина од муабетот, но се оправда кога кажа дека фатил заушки кога бил во Скопје, на што се направив дека му верувам, зошто имаше доказ дека навистина тој период владееше таква епидемија, тоа го имав слушнато од вестите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Иако ми беше непријатно од тоа што ми го рече Госпоѓа Изабел јас не можев да одам против самата себе, не можев да ги сопрам моите чувства што одеднаш надојдоа како некоја буица, немав време да размислувам за ништо друго освен за нас двајцата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сопнувајќи се на труповите на домородците и на своите или прерипнувајќи ги, сите со некакви грпки на замор врз тилот, Турците надоаѓале од сите страни.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во очите ѝ надоаѓаше модрикав прилив на зачуденост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не знам колку време мина кога сонцето блесна од зад облаците ги помести, ги разби маглиштата и талогот на еднообразноста дрворедот се озари доби лик, па одеднаш некои чудни форми почнаа да се об-јавуваат пред моите очи пред зумот, пред заумот. Ми се стори дека од некаде надоаѓа нешто боготворно светлината го овозможува совршенството но треба да го најдеш барај избегни ја судбината на просечниот ум, колатералната штета на непросветленоста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Неочекувано надојде зрела `рж и покри сѐ.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зошто надоаѓа како да доаѓа од бестрага од кајшто заоѓа сонцето кајшто земјата и небото исчезнуваат како играчка зафрлена во потонот на баба?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Му надојдува желба со само еден замав да ја пресече и да ја отстрани.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некогаш по многу врнежи, таа правеше многу штета, ќе надојдеше како порој и сѐ околу неа ќе одвлечкаше.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
11. Слушавме како надоаѓа и топол ветер, а се гледаше и времето како започнува еден нов круг лутајќи меѓу пештери и тишина во која разлистува сѐ.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Сфатив дека треба да се спасувам што поскоро додека матните води не надошле.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога во живеачката надоаѓа сиромаштијата широко зинуваат устите за мали залаци и погледите на луѓето папсуваат како оној на селанката од Пустец од чиј врзоп денеска никој не купи ништо - барем едно сунѓерче за миење садови, едно шише маслинов зејтин, една паста за бричење.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Италијанците надоаѓаа од сите страни. Грците се повлекуваа. На чатиите од неколку куќи се развеаја италијански знамиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не приоѓајте му, Оставете го. Три жени со бели шамии околу главите Му претскажуваат, црвена жед од која ќе изгори земјата и дека низ провалиите на исушени мориња со векови надоаѓаат заточеници да го видат како се скаменил чекајќи ја да мине девојката на залез сонцето што ја оплоди.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во собата блескаво надојде светлината, како директно да се рефлектира од езерото, кое се подаде пред нашите очи во сета своја долговечна убавина.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Челуста на неговата гладна утроба била отворена со исчекување, непрекинато ја голтал киселовината што надоаѓала од катниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Надоаѓањето на плимата во мене се допира со шумот на набрекнатите бранови длабоко долу, од каде се извишува саморитмичното движење на водата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Повеќе