надополни св.

надополни (св.)

Се насети светликава романтичност во нашите очи која се надополнуваше и засилуваше од отсјајот на свеќата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Наизменичните монолози или секвенци се само разнобојни каменчиња што го надополнуваат и градат мозаикот на приказнава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Описот на секојдневното однесување на нашиот херој ќе го надополниме со една специфичност која веројатно на многумина не им паднала в очи или ја избегнала нивната љубопитност: од вратот па угоре за Поетот (или во негово име) владее посебната поетска висока сфера, таканаречениот простор на имагинацијата и на ослободените намери од секаков вид туторства.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Честите умирачки на своите рожби, мајка ми ги надополнуваше со нови раѓања.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не сум сигурен дали ме слушна или изигруваше отсутност но јас му реков дека се согласувам со него и дека можам да си ја замислам силината на љубовта која е во состојба да раздвижува, да покренува па дури да замени и да надополни многу други потреби.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа тоа секогаш остава некаква празнина, темна зона, која би можела да се надополни, да речеме, на пример, со јазикот?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Меѓутоа, расказите кои за свој предмет го имаат тој друг Град неповратно загубен, ја надополнуваат онаа „карика што недостасува”, па некои од читателите на овие страници веројатно ќе отидат да ги бараат местата каде некогаш се наоѓале Дрвениот мост на Вардар, Офицерскиот дом или скопската плажа...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Зад мене беше Манастирот Свети Наум во Македонија, врз чиј црвен ќерамиден покрив шеташе гордо паун со раширени крилја со сите бои на божилакот, надополнувајќи ја убавината на библискиот пејзаж.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Јасно е дека постојат уште некои правила во поведението на песокот што треба да ги надополнат оние кои веќе се присутни во моделот на Лифман.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се обидуваше, со сите сили, додека ги имаше, сѐ до залезот на својот живот, да ги надополни овие две големи празнини, првин, станувајќи голема мајка на своето семејство и да трага по својата загубена татковина, останувајќи му верна на митот на враќањето во неа, носејќи ја постојано со себе врската на клучевите од напуштените куќи крај морето, крај Езерото, низ повеќе генерации на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Незавршената таткова книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите стана силен поттик не само да ги надополнам нејзините незавршени страници, туку да трагам по нејзините отворени, нерешени прашања, посебно во однос на власта, владеењето, конверзиите поврзани со инквизицијата и другите историски процеси, погромите, језуитизмот, реформите и нивното отсуство, како основни извори на бројните судири во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Завиваа, воопшто не нарушувајќи ја ни со својата писната бол оваа црковна тишина, чиниш и надополнувајќи ја неа, дива и нефатлива, а потем зедоа и да се приближуваат, довикнувајќи се и извабувајќи се на таа месечина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Очигледно недостигот на храброста, Ѓорѓе го надополнил со неколкуте пообемни чашки алкохол.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеш да ги пцуеш, помисли, да им речеш дека се страшливци, дека се арамии, а тие ќе продолжат само да ти се поднасмевнуваат будалесто вака спитомени и, во најлош случај, само ќе те надополнат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Минувајќи низ тој критериум она што некогаш се слушало, што се разбирало и сознавало, останало во сеќавањата и како готов јазичен материјал но, како што бидува со сите спомени од детството, станало амалгам, надополнет со сетнешни искуства, со нови сознанија и виѓавања.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вљубен во праведноста на законите и побожни како и повеќето од улицата живееја повлечени од луѓето надополнувајќи ги пропуштените години со задоцнета и презреана љубов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Својата душевна подреденост во однос на Рада безобѕирно ја надополнуваше во креветот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На овие зборови можеше да им се надоврзат синоними кои би го надополнувале значењето, во никој случај да не бидат со декрет избришани во било кој балкански јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јадевме со сласт која надополнуваше нешто непрашано или некажано, така барем ми се чинеше, но таа претпоставка за мене стануваше сѐ понебитна пред комичната слика во која доминираа задебелените црвени мрсни усни на Крумета развлечени под мустаците како пренапната пластика низ која, постепено, неговиот длабок, затемнет глас се раздробуваше во рапав, метален кикот кој повремено се слеваше во три обични збора: „и така натаму”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А гласот загадочно му рекол: „Надополни го просторот меѓу коските на отецот твој со месо, обнови го целосно телото на Словото, на таткото твој, и засекогаш ќе останеш во славата на царот и логотетот, прв меѓу првите ќе бидеш во царството над сите царства земни!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе