наедно (прил.)
Седната зад баба ми и дедо ми, за разлика од изразите на другите нивни фотографии, самите веќе завлезени во возраст што ја брише ведрината од насмевката, таа девојка со мазно, тркалезно лице од фотографијата, во нас гледа преку полуспуштените очни капаци со еден чуден, повлечен и скромен, а наедно бистар и настојчив поглед.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Та тука, будимпештанските мостови, наедно се и историјата на овој град.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Прашалникот го пресече снимка од социјален протест поради економска криза во земјата - нешто што наедно ме зачуди и израдува.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ги трупав наедно и филозофиите, и трагедиите, и комедиите, песните, расказите, енциклопедиите...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Бев фасциниран од моќта на солунските сефарди низ милениумскиот егзил да ги откриваат патиштата на вечното спасување, преживување, минувајќи низ повеќе идентитети остануваа верни на единствениот, еврејскиот, кој беше наедно и идентитет на самиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)