налакти (св.)
Мајсторот се налактува со двете раце на шаховското столче и погледот почнува да му шари над фигурите како аероплан во низок лет над зградите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И тогаш учителот, налактен на извалканата маса, ќе започне за што и да било и за кого и да било, стариот слуша и божем случајно зборот ќе дојде и за Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Сега се исправи на креветот, се налакти, а за тоа време сфати сѐ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш келнерката се врати и се налакти на шанкот пред двајцата другари плеснувајќи ги двете дланки врз шанкот пред себеси.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Бојаџијата го заварил погубениот студент, налактен на карпата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Мора да ѝ се случуваше нешто ужасно, ја тепаа или чувствуваше дека е болна и токму кога Нора ќе запееше нешто од Форе, а јас на пијано, загледана во толку среќниот Луис Марија, налактен на крајот што му правеше нешто како рамка околу него, тој загледан во мене, задоволен, со лик на кутренце, чека да ги чуе арпеџата, двајцата толку близу и толку вљубени.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Гледаме само човечки сенки, налактени по прозорците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сашка остана така налактена на белите, обли раце, блажено загледана во огледалото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Луција знаеше без потреба да се фати за косата и со раката да помине низ неа, токму пред мојот нос; знаеше да повлече со палецот замислена линија по својот грб, токму на ‘рбетот, иако за тоа немаше никаква посебна причина; знаеше, исто така, да се налакти во полупрофил, и со моливот да го потпре носето, небаре заинтересирано го слуша предавањето.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Огледалото му ги фаќаше тие негови движења - копирајќи го чинејќи сѐ што тој чинеше: седни, стани, шетај, пали цигара, гази ја под нога, фаќај се за глава, налактувај се, гризи ги усните.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Го отварам прозорецот, се налактувам и со половиот орган налегнувам врз радијаторот што е пријатно топол.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
— Во тешка положба се наоѓаме, — рече, длабоко издишувајќи се, Гарванов и се налакти на десниот лакт.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тогаш, со истиот бавен чекор, се врати назад и виде дека Едо брезничаноцот и понатаму седи на талпата пред продавницата, налактен и со главата обесена меѓу колената.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Србин се налакти и си ја зеде главата под левата рака покривајќи го темето со дланката.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)