налбат (м.)
Повторно ѝ се радуваа мајсторите: казанџиите, налбатите, столарите, касапите, тенекеџиите, со умилност ја гледаа чираците, а ние децата одевме по неа и не слушавме крици од птици пред заминување, туку слушавме умилна песна што извиваше од нејзината уста, а од песната пркнуваа светулки и надлетуваа над бавчите, на Кафтан маало и исчезнуваа над лозјата на Кумлако и Мерите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Не беше рекол ни збор, ама и не се клонеше од својот куц зет, кој оптрчуваше наоколу како џуџе кај налбатин.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Амови, колани, налани, леѓени, свеќи, златни украси, ибрици и ќунци, сабји, ножови: налбатите и ковачите креваа врева, папуџиите пееја, кожарите си ги обработубаа кожите во камени корита, кујунџиите со двојно око ги виткаа шарите на своите белегзии и ѓердани.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ја испратија во најзафрленото училиште, во Кошишча, каде живееја бедни земјоделци, налбати, колари... Отиде без збор.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)