налеан (прид.)
Тој одново усети дека се лулее на езерски бранови и клепките му се склопија, тешки како налеани со олово.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Им се познава на гушките и налеаните образи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Лежиме со исплазени јазици, како кучиња давени од волци, што се вели, како налеан грагор по потоп.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)