наниже (св.)
Се залепивме до него тупкајќи со нозете војнички и послушно. Редицата се нанижа права како стрела.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Лист по лист кини лист по лист нижи лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот и надеж со клетва и зелена јад, со корав поглед на очите матни по кревките лисја ж'лтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Ги нанижал птиците на еден ремен, ја нарамил пушката како некој арамбаша, па се шета, се шепури, се дуе како набабрено зрно грав! Срамота!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И кога ѝ никнуваа заби нанижавме на конец варена пченица и конецот го обесивме на едно дрво.„Како што раѓа лесно дрвово, така со лесно да му никнат запчињата на девојчево.“
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Наоружан до заби со пушка, тешки куршуми нанижани преку градите, му удира по дрвената маса, на која се потскокнуваше тресејќи се, а момчињата од четата, повторуваа по него согласувајќи се со секоја негова мисла...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Точно во 12 часот се нанижува најголемиот светски ѓердан од бакнежи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Моите заби уште не се беа нанижале, а твоите одамна ги немаше, па, не можевме попара да се изнасркаме.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Црни топченца - како јадро црно монисто - може ѓердан да нанижеш додека се меки, откако ќе се потсушат - игла не ги дупи!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Имаше неколку кусови широка сланина и едно поголемо парче свинско ребро, нив ги нанижа со еден канап и ги обеси на таванот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Полека почнуваше да ги сонува како наизлегуваат од некоја страна и како се нанижуваат по рабовите на високите сртови, оние познати врвици дивокози, една од оние нивни низи, што го пречекуваат сонцето во една таква синџиреста прошетка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Во нив отсекогаш сѐ што е родено е живо и затоа нема и што да се откопа: луѓето таму во крвта си ги носат предците па затоа и не веруваат во одминливоста, самите себеси си се и предци и потомци: нанижани во долги низи црвени африкати, огнот во нивните колиби ги ништел сите нивни платони и исуси, бетовени и целани, па точно затоа тие и сѐ му доверуваа на зборот: сите нивни пориви и тајни - зборот ги префрлал преку вековите.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Пелагија цело време клечи пред нејзината скутница, ја гледа право во очите и проговорува Добро си направила, мајко Росо, а и Атанас добро ги нанижал зборовите.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Чана не ѝ дозволува Петра да си ја идентификува сопствената судбина и сопственото постоење со постоењето на оној човек онде, Чана живее само во мигот во кој реално постои и затоа таа речиси со гласот ќе ја крене на нозе без да биде свесна за тоа, ќе ја натера да си ги наниже бовчите на рацете, се разбира, во низата и неколку кокошки врзани со сиџимка, на крајот.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Попот се опна да ги задржи, се опнаа и самарџијата и татко му на ибн Пајко, ама тоа не помогна и Бошко, кој истрча пред попот Ставре, прв се нанижа на турското сечило.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)