наопачки (прил.)
На мијалникот, навален на ѕидот, стоеја неколку чинии и едно тавче оставено наопачки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ако истата таа пирамида се сврти наопачки на дводимензионален цртеж (на хартија) би изгледало како пентаграм.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Всушност, петката може самата да стане единица ако со броењето почнеш наопачки.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ваквиот, барем за наши услови, нов и „наопачки“ принцип на синдикална организација ја негира поделбата на активно синдикално водство (кое преговара) и пасивно членство (кое послушно следи) – која, впрочем, е и загноената рак- рана на македонското синдикално движење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таквите "наопачки" се тешки во германскиот јазик.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)