напипа (св.)
Автоматски подадов рака кон моето чело и го напипав тоа што пред малку Игбал ми го залеми меѓу веѓите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Станував незадоволна и со веќе испробана тактика, опсесивно ја напипував сериозната замисленост, овој пат некако смирено и шаховски јасно.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Го стегна уште посилно тагарецот и го напипа писмото. Тоа си беше на своето место.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А под карпата тесна дупка во која, при првото нурнување напипав опашки на крупни риби. Аха, ве најдов!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Суперпроводлив Индикатор на Подсвесни Аномалии. Се употребуваа во војната за да се откријат подморници и за напипување на непријателски кибер системи“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Таа гнете, а јас возбудено копам по џебовите, напипувам со рака колку пари имам. А пари малку, колку без ич.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Со просто напипување на воздухот низ кој минал знаеше во колку часот бил таму, и кога пак ќе биде.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Раката го напипа ладниот метал во џебот, и тој се вжешти.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Си ја провлекува раката на подот, ги напипува тркалезните студени топки. Има уште дванаесет. Чувај се сатано!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А можеби нечујно да ја отвори сопствената врата, да го напипа прекинувачот и да го разбие со еден очајнички удар?
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)