напред (прил.)

Ја преброди кризата! Гледаше само напред.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ех, што можев да кажам! Мојата идеја се обликуваше и јас брзав напред со заокружувањето на моето дело.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сите да можат да гледаат напред, сите да ги гледа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но кога љубопитно поткрена глава, виде дека очите на светлокосиот се широко растворени и управени напред во светлото летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Неколку зборови за македонскиот литературен јазик Во четирите горни статии во оваа книга јас сакав да им ги обрнам погледите на моите сонародници на нуждата од едно корено изменување на досегашниот процес на нашиот духовен развиток, како и на тоа дека моите погледи во тој случај не се нешто ново и безосновно, а се само чекор напред во досегашното развивање на нашето национално самосознание и дека затоа се сосем природни и основани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И тогаш грмна еден рафал напред и еден смок блесна и се испружи испокинат на патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Решена да одам напред по секоја цена На полна месечина Во последна мена На моето присуство му нема смена, знаеш и сам А долу под мостот валкана река тече без срам Упатувам поглед да проверам дали чека на нашата судбинска средба Мерам, премерувам, двапати мери Еднаш скокај Нашево некогаш немаше споредба Минаа годините кога заљубени мислевме дека овде е вечноста овде е рај По силата на гравитацијата понесена дознавам дека овде всушност е нашиот крај 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во таа шаховска табла 50 проценти од фигурите се пиони секогаш истурени напред и жртвувани од своите налогодавачи кои се наоѓаат позади нив и се чуваат за завршната битка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Високите трски како ѕидови го затвораа од обете страни хоризонтот, само над нив високо и некаде длабоко напред се гледаше тесна лента сино прозрачно летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Чекор напред, чекор назад, во реалноста бегство, така, во бунило, сѐ е лесно .
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Националниот сепаратизам: земјиштето на кое се има развиено и ќе се развива за напред На првото заседание на Бугарското студентско друштво во Петроград од оваа година јас реков неколку збора за резултатите од сегашното востание во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега не е времето да се одделуваме од Бугарија, кога таа направила толку жртви за нашето ослободување и ќе направи уште за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Филозофот ја држеше свеќата, напред, по него Лествичникот, и на крајот јас.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се промушнав низ луѓето не извинувајќи се и излегов напред.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш тие тешко се решаваат да продолжат да цепат напред.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сакаше да се врати, но се сети дека ќе биде сомнителен и ќе направи уште полошо; затоа смело тргна напред преку мостот и почна да си свирка со устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но борбата со пропагандите во Македонија не е чекор назад, туку напред, зашто и тука имаме работа со борба за слобода, со борба со мрачните сили што не ѝ дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами ѝ наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината и ѝ придаваат бугарска, српска и грчка боја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На појасот напред му беа вкрстени два пиштола со сребрени дршки, а на колкот му висеше крива тогашна сабја.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Загледани еден во друг направија по еден внимателен чекор напред, па уште по еден и уште по еден.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе