нарами св.

нарами (св.)

Вечерта научената девојка го нарами ранецот во кој го стави торбичето со вендузите и му се јави во земјанката на командантот на баталјонот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Оние кои имаа петнаесет или шеснаесет години ги оставија во селото и наредната година им нарамија пушки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ги нанижал птиците на еден ремен, ја нарамил пушката како некој арамбаша, па се шета, се шепури, се дуе како набабрено зрно грав! Срамота!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И во времето што одмина од ланската година кога ѝ ги собраа трите чеда и им нарамија пушки, таа дури сега, за првпат, се опушти, и олесна и единствена желба ѝ е овој миг да потрае, да се одолжи во денови и да се развлече во години.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мартин, дете коешто оној ден беше со децата на Бистар Кладенец, беше заспан и сонуваше како е голем па нарамил пушка и ќе оди да го фаќа Луман арамијата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Овчарот се изгуби, момчето што го донесе извештајот за амнестијата си ја нарами торбичката и си киниса, ветувајќи им на војводите дека нема да ги предаде на аскерот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Отпосле ќе прашаат кој е на потег, ама јас веќе сум подзаборавил на играта, сум ја нарамил пушката, излезен сум во дворот и тргам на чкрапецот кон секаде: дум дум дум!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш, тој штом разбрал што станало со сестра му, нарамил пушка и комита станал.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
На плеќите носеше нарамена раница од телешка кожа, во рацете дебел боров бастун — тукашно производство, дури и недокастрен, со неколку чатали.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ја нарами пушката, силно истри дланка од дланка, дувна во шепите неколкупати, зачекори до стеблото, се врати назад, се подигна на прсти и се обиде да погледне преку високиот намет.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И за цело време, целиот ден и ноќе, додека патуваат, сѐ истото и само тоа прашање му се врти в глава и постојано со изненадување и мачна вчудовиденост, го повторува и преповторува: зарем неговиот Васил, кој меѓу првите ја нарами пушката и со себе поведе и други, дезертирал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ни пет ни шест, Јован ја нарами кремењарката со која одеше зиме по зајци и — испадна комита!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утредента, на зајдисонце, Ѓорѓи нарами торба во која Киревица му стави два пешника леб, сирење и неколку глави кромид и излезе надвор од селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ги собрав во ранецот за спомен и кога го нарамив се свиткав под нивната тежина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но наместо да нарамите оружје, ноќе, таму некаде по полноќ нѐ будеа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Овие ги нарамија пушките и пак ја запејаа омилената песна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас, мајко, тргнав, заминав, куса си пушка нарамив, планина Пирин развила, бајрак се вее сред неа: Јас ќе го, мајко, дофанам, над село ќе го развеам, та ќе те, мајко, куртулам од тоа ропство крваво.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Нанишанив - бум! Лисицата се тршна на снегот. Ја нарамив и право ваму.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе се измие надве-натри, колку да се порасони, ќе ја заврти косата со еден дрвен чешел, ќе ја позамазни брадата и мустаќите — колку да не му влегуваат во устата, — и, ако не служи литургија, ќе си го наполни големото ѓезве кафе, ќе си го испие сам и ќе ја нарами торбата со „алатите".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Изнесуваме пљачки од по куќите, покуќнина. Се нарамуваме, се вежиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе