наситка ж.

наситка (ж.)

Брат ми ги пасел воловите и ги натерал во нива со ѓонче, а се знае дека ѓончето или детелината е премногу силна храна и воловите немаат наситка од него.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Можеше да го слуша до наситка рикањето на тој спалавен јужен ветер низ длабините на нераскрчената шума; тоа се плискаше како некоја пробиена брана, носеше една прекрасна топла раздразнетост во градите, носеше некоја одврзаност и пребликуваше со секој нов налет, спитомувајќи со својот допир сѐ, а целата шума како да никнеше наново над таа недогледна белина, секоја бука во неа како да се исправаше одново, отфрлајќија од себе задреманата прибраност, онаа притаеност во тесниот канал на срцевината, трубејќи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се изнамилуваа до наситка, станаа, се измија на изворчето, поручаа и се напија студена водица и се заколнаа еден без друг да не умират.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Како што е неприкосновена и приватноста на писмата Кои ако паднат во рацете на какви и да е неранимајковци Интелектуални разбојници и булеварски журналисти Мигум ќе станат јавна наситка На оние кои цел живот биле јалови сонувачи Та не испилиле ниту едно малечко сонче А не пак и толкување и остварување на сончето
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тој човек не знаеше за наситка со тоа свое зборување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Пред тоа ќе можеме до наситка да си гледаме како врнат снежинкине, таков ни беше договорот, нели.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ги оставија, и тие се наплакаа до наситка, жалајќи го своето најмило -мајката – чедото, а ќерката – братето Гелета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Оние двајца сега ги нема и ние можеме да гледаме до наситка како си врнат снежинкиве И тој гледаше во снежинките, а тоа сега наеднаш не претставуваше никакво задоволство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)