насобере св.

насобере (св.)

Расте, се згустува мрачнината со секој изречен збор, со секоја издишана издишка и во неа го чувствувам виежот на болката и осамата и стегањето на чемерот насобран ко грутка и тврд како кремен, чинам, го чувствувам во мојата сурова дланка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Разбирливо можев да претппоставам дека околу џиновскиот морков во таа зима се насобрале зајаци од сите краишта на Европа или само од скараните балкански земји.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
По нив остана само една црна крвава паласка во снегот и неколку расфрлани прамени волна, а уште еден раненик, кој не беше толку умен или кому му беше повредена токму таа жица од инстинктот да молчи, заминуваше со бесно и продорно аурликање кон шумата, насобирајќи ги по себе сите тие глади и раздразнувајќи ја уште повеќе со својата вкусна животворна крв стрвната сурија во сета нејзина безбожност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зарем беше можно толку историја да се насобере, да се згусти и да се истури само за еден ден?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа насобра неколку грста и напреку тргна по угорнината.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Премногу емоции ѝ се беа насобрале на ова патување.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Многу народ се насобра на таа гола, мочурлива ливада што беше распослана покрај морето и обрасната со трње и со високи и остри бодликави тревишта и засмрдена од нешто гнило.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Чанга имаше насобрано и други информации од развиените северни и неразвиените средни и јужни републики за судбината на козите и на козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Не беше безбедно да ѝ се доближи пред да се насоберат малку повеќе луѓе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она пладне, кога војната беше оттатнета, а нејзините сенки сѐ уште стоеја во изгорените куќи на нивното село, и во разурнатите мостови, и во разодградените плотишта, а по селските сокаци се тркалаа празните картонски кутии од УНРРА, и селаните се облекуваа во половните американски карирани виндјакни со неминовната црвена шарка, и кога двете селски бакалници беа прекрстени во Кооперативни сектори, а секој нивни ден се завршуваше со по една фронтовска конференција, на која тие по двајца-тројца продолжуваа да се запишуваат во Задругата; она попладне, во кое исто така мнозина, продолжувајќи да немаат доверба, а и Змејко беше меѓу нив, обично молчеа, за сето време, сите тие денови, и додека се меткаа по цел ден по средселото, а и вечерта на конференциите, а дури после си се разотидуваа кон дома; она попладне, кога ќе им станеше чудно ако речеше некој дека оваа вечер нема да има конференција, толку чудно и толку пусто, што дури и самите би ја закажале неа, она додека исчекува задружниот курир - поранешениот пандур, - пак да притропа со барабанчето по сите мегдање од селото и се чудеа што уште го нема; во таа тишина, во која стоеја зачмаени на средсело сите мажи, а меѓу нив само ретко ќе пробечеше некој глас, кој можеше да бара или огон, или тутун, кој ниеднаш не кажуваше ништо повеќе: тоа пладне, во кое подоцна се насобираа сите крај една лимузина и еден џип што пристигааа од градот, носејќи уште една од сите оние делегации, што доаѓаа на конференциите и постојано им го зборуваа сѐ тоа пак тоа, сега од колите излегуваа луѓето и се поздравуваа со селаните со онаа неприфатена, одгатната фронтовска желба за приближување и Змејко уште на прв поглед го препозна онојго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Којзнае колку студ насобрал од земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога ги видоа, се насобраа околу нив.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Многу рибарски лотки се насобрани крај кејот и брегот. Сите се закотвени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се насобра силен народ. Непробоен ѕид ѝ го затвори патот на полицијата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Насобрани околу некој постар чичко во кафеав костум кој што пресреќно се смее.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во базенот пливаа разни чешити рипки и тие се насобраа да ги гледаат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тап удар на земјата врз кивурот. Тој симна капа, кротко поттурна старец кој стои пред него, се наведна, насобра шепа земја и ја фрли во гробот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Изгледа толку интересно што тука се насобрал народ од цел свет специјално доаѓаат да видат невидено и нечуено оро и да се изнаслушаат музика.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Така се направија два противнички табора. Четниците се насобраа и ги слушаа кавгите, та и тие се накострешија едни на други.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Борко седеше во ладовина, под сенката на старата круша и врзуваше китчиња од вртипоп, синчец и други разнобојни цветчиња што ги беше насобрал во откосената трева.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Повеќе