наспроти (предл.)
Лета јастреб на летното небо
под нечитливиот краснопис на зодијакот
најпрвин во кругови широки и нагли
како скришни помисли
потем сѐ поситно, опсесивно
запира на родното дно
наспроти сѐ друго што и натаму се врти
околу својата замислена оска.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Така изѕемнат, одвај отворив уста за да го прашам игуменот каде води онаа врата наспроти собата каде што седевме ние.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Наспроти ваквиот позитивистички пристап кон материјата на работничките права, во оваа студија е применет компаративниот пристап.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Се најдовме двајцата еден наспроти друг среде зелената мисла.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Синот, повторно, за да докаже дека таткото не е во право во мислењето што го има за него, прави секакви мајмунлаци за да му се доближи на таткото и да го придобие неговото внимание, но како контраиндикација, наспроти тоа, успева само да го оддалечи и да ја удвои нетолеранцијата меѓу нив.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Живееше во симфониската тишина која умееше да ја оркестрира во животот, победувајќи ја горчливата осама крај верните таткови книги, наспроти разбеганите чеда, за кои сметаше сѐ уште дека ја беше испратил бог во животот да ги доварди, да ги спасува!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
...големиот закон на природноста наспроти квадрантите промислата наспроти оправдувањето лебедот наспроти кристалот крв слободна од телото се простира пред окото зад извикот таму каде чека твојата сребрена чевличка твојот заден траг... знаците од сонот или сонувачите како алтернативци ...отежната од змиските клопчиња гранките се веднат скоро до паднатите лисја зошто оттаму од живите шуми ме потсеќаш на своите боси стопала јас не сум лошиот родител ниту ти оставеното дете тие чудовишни црнобели слики се сосема предвидлива компензација за отсатноста сонот место допир декорот го бираме наизменично ноќва се моите змии шумите следната ноќ возењето во спротивна насока распарченото тело на асфалтот крваво што го љубиш осветлена во трикото на невина балерина потоа јас летот над градот по ехото на твојот глас па ти појадокот во природа со заборавените заеднички пријатели...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Потоа со мнозинство од цирка 52 наспроти 48 посто гласови победи конзервативната струја и сѐ си се врати на старо.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Во очите на големите европски просветители, шпанскиот злостор наспроти судбината на Андалузија не беше само контраст туку и модел за човештвото за толеранција и хармонична коегзистенција.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Наспроти обемноста и тежината на неговото тело, движењата му беа впечатливо грациозни.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој ја разобличува жизнерадосноста со која пратениците на интелектуалната дејност, наспроти својот илјадагодишен долг, го жигосуваат чувството на универзалното и ги слават различните партикуларизми.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сите тие аам-и и еам-и, се некои кревки ластарчиња, витици кои потеруваат самогласките во мене за да ме потсетат дека јазикот, наспроти нас, е долговечно битие кое не престанува да потерува младици и низ постојана возобнова да го запишува и нашето име во нив.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Книгата значи, е напишана наспроти моите лични и книжевни ставови.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во изминатото време на големи искушенија, уште повеќе се засили врската помеѓу луѓето и козите, наспроти сите очекувања и желби на партиските и државните власти во градот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Жив остаток од епохата на создавањето зборот продолжува да создава живи светови наспроти пустините во душите ни.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Наспроти тоа што грчкото население во цела Македонија претставувало една осмина од вкупното население (македонското било повеќе од една половина), грчките владејачки кругови сметале дека имале право да претендираат на цела, или речиси на цела Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во двата случаи, имено, луѓето трпат огромно развластување: во име на нивната најдлабока суштина тие стануваат лишени од правото на било какво располагање со своите судбини; расата или културата се вистината чии што се тие носители наспроти својата волја, вистината која ја обезвреднува нивната свесна желба.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сонцето кое паѓаше веќе кон запад, ни биеше в очи и зелените падини од планината наспроти ги гледавме само како темни.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Нека читателот, сепак, не се залажува од ведрината која се добива од читањето на ова дело: ако алегоријата, претставена од еден од најоригиналните и најзначајни писатели на современата литература во Македонија, мошне богата но често непозната на Запад, претставува според повеќе обележја силна лекција на надеж, ова дело сепак не постои само како трагичен сказ, како рефлексија преточена низ мали импресионистички допири како на клавијатура, но опстанува со својата голема длабочина наспроти опасната суета на идеологиите кои сакаат да направат еден нов човек, низ спасувачко посредство помеѓу непостојаноста на феномените, генерално, и, посебно на посебната нестабилност која владее на Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)