најобемен (прид.)
Имено, уште во текстот на прочуената Јустинијанова кодификација (VI век), подоцна наречена Corpus Iuris Civilis, и тоа во нејзиниот најобемен дел кој се вика Digestae [или Pandektae] – и кој е двапати поголем од Библијата т.е. од Стариот и од Новиот Завет заедно – наоѓаме траги за постоењето на овие форми на работни спорови. 10
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Делот за слеано, полуслеано и разделено пишување на зборовите е еден од најобемните прилози во овој Правопис, и кај него, главно, се дополнети примери кои се темелат врз претходно утврдени правила.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)