небиднина ж.

небиднина (ж.)

ПРОКЛЕТНИЦИ, КЛЕТНИЦИ, КЛЕТИ на јарбол, во црн превез свиена клопка со животна идила црн превез со проѕирни букви покривач со јадни пцовки ја остава во минатото небиднината со срце поцврсто од камен чекор по чекор ја совладувам иднината...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но овде секогаш по големиот отпор се плаќала цената на поразот, речиси до небиднина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
По патот што го отвораше зборот во сива небиднина Се рони веќе молкот бигорот набран в грло од око нечекано од кое блескал биљурот благ на љубовта Некогаш Се развева во разденот чемерот на осамата погледот дури се извива над мрачната шума на бидноста Свртено сѐ е веќе кон небесната роса на виделото
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Тој ден ми се виде грдо-бигорен а ноќта тешка и темна небиднина Јас чекав чекав чекав: слегував во пеколот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Апсолутно нејасно е како, само една тенка линија дели целосна доверба од апсолутна недоверба, како тенка линија е граница непремостлива помеѓу денес и вчера, минатото сегашноста и иднината, како едно дело во афект сторено, останува на душата, станува небиднина.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Тогаш болката на иронијата ги напаѓа, ја стега утринската надеж, им се остварува судбината тие да немаат доблест во мигот на надојдената небиднина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Постои тој остров, тој копнеж по времето небиднина и сон, неуловлива ѕвезда во нас само ‘рти неговото семе но тој расцутува дури на прагот од бездната.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Низ матните предели, полни со ноќта и небиднината, од самото срце на пустелијата, ветерот налета полн со прав од часовниците што користеа прав за да го покажуваат времето.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа суштество на гравурата, кое се наоѓа во мигот на својата загледаност во небиднината, има крилја, но не е ангел; таа жена е алегорија на меланхолијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Нема толкава небиднина што да му попречи на Сонцето да изгрее!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
А ти ни беше единствениот учен адвокат, со диплома дури од Цариград, кај кој си наоѓавме дерман во небиднина, сите и рисјани и муслимани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Немам сила, немам храброст а знаеш љубовта е нема а јас ко чедо на амор се претворив во дух... ќе изградам куќа од зборови и во неа би те затворила со клучот на моето срце би те чувала да бидеш мое гнездо во кое слетува мала птица да бидеш мој дом со отворена мускулна врата за срцето на малата птица лекокрила, многу нежна да бидеш свежо утро но тиха вечер... светилка што искри во мракот во мојата коса, една надеж, небиднина една среќа во ѕидините на срцето што се руши ко стена да бидеш последна љубов дојди, не оди си, дојди!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сега, среде оваа небиднина на суровиот студ на Шара, тој опцу во себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И сега молчиш во магијата на песната вљубен, во раката со благовест, и небиднината да те види среде маски, среде глоби, да не бидеш изгубен, тајната – света селидба и пристан да ти биде.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Тргни но тихо, да не ја разбудиш пената тој замок без ѕидови и врати, таа небиднина, миг.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Небиднина... ама душава клука... не се двои од телото снеможено...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Секогаш се бараме во некакви небиднини, несоници, во разни прегрешенија мудроста нѐ збудалува, милоста е дар кој најретко го даруваме, богатството на ближниот е наша потреба, и туѓото лицемерие е секогаш поголемо од нашето, а ние невини, насмеани пред сѐ ново и неразбирливо, измешано со надежта на новите намери, го мериме преостанатото време за воскресение.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Глобалното Село каде што сите сме заедно, се употребува како метафора за тркалезната маса на која се собираме за да разговараме за сѐ што нѐ засега. Rheingold ја анализира состојбата на CMC (компјутерски посредувана комуникација) и пишува за зависниците од различни системи: минител во Франција, кампус мрежите, xxx, bbs (само за возрасни), во центарот на Небиднината.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И така Сталин, потпирајќи се на човекот, и само на човекот, ги остави луѓето со голи раце, како несреќни Сизифи да го извишуваат каменот до небиднина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Повеќе