негатив м.
негативен прид.

негатив (м.)

Тоа беше негативот на мртвиот пес од плажата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Лицата им се грчеле - црно и бело, биле ту негатив ту позитив на една глава. Мртво гледале кон трите запреги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Проучувачот на природата го отвори малиот пакет и внимателно ги разгледа негативите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ми се изнагледа одвнатре: папок и икра, психоклиторисни места плотни душеци и страсти за косење ...негативи...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Додека ги споредуваше негативите со направените фотографии, тој едниот од нив го стави во устата, меѓу заби.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Умножувањето на бројот на ракописите, конкретните и оние кои се исчитуваат посредно меѓу редови, место да ги осветлува настаните од повеќе агли слагајќи роман-мозаик, тоа умножување, меѓутоа, твори наполно нова конструкција на меѓусебно противставени документи кои како позитив и негатив постојано го негираат веќе реченото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во моето сеќавање нема тропање на врата ноќе, па ни она дека татко ми рекол дека ќе оди да преспие во одајчето на Нанчо кое во мојата глава е втиснато како негатив фотографска плоча.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)