незин (прид.)
Надвор Свети Илија се растрчува со своите огнени кочии по небото веројатно со намера неговите секавици да го разбркат црнилото од нејзиното срце и да ја истуркаат сета болка од незиното згрчено срце!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на ’ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите незини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Понекогаш, ноќе, додека барав и запишував реченица по реченица на овој реквием, чин на почит кон мртвите на кои им се восхитуваме за нешто од нивниот живот, ја замислував во полутемнина и во златна рамка како дело на стар мајстор, висока и чедна како Ерменка (сеедно што можела да биде од словенско или еврејско потекло), во темнолилав брокат или сомот од кој нежно се одвојува син појас; незините полуотворени усни се вкочаниле во миг на воздивка, градите под низа на бел корал или балтички јантар живи се но не дишат исчекуваат нешто, сепак, тукуречи како на чудотворна слика, дамарите на нејзиниот долг врат го отчукуваат времето на онаа вечност што не може да се нарече и враќање; рамениците стегнати во шал од кашмирска ткаенина се тесни, историјата не можела долго да се потпира на нив.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Потем во еден момент го сврте погледот кон него, погледите им се сретнаа, Едо стана свесен за сјајно пепелавата боја на незините очи и се најде во тој нејзин поглед како врз бездна во чии безпределни длабини тонењето е неизбежно...
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Јана и незините каприци! Откако ја запозна мајка ѝ налудничавата вдовица со глас на девојче, му беше јасно дека се работи за генетска откаченост.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На старицата ѝ паѓа тешко разделбата со внукот и затоа го држи со ковчестите прсти за тврдата дланка и прикажува, малку побрзо отколку обично, како да се плаши дека нема да ги доискаже сите свои мисли што ја исполнуваат незината осаменост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)