неиздржлив (прид.)
потем се наслутува сѐ почесто
во глувиот ноќен јасник како слана
(во споредба со неа, снегот е мек и топол,
Господине)
во забраната да се верува
во чувствувањето срам да се признае
мечтаењето по неа и скришното вљубување
во зазорот и распрашувањето
за смислата на животот
(најдолгите чудења се загушени од банални спреги)
во сѐ поприсните признаци од сонот
- таму кајшто живееме однапред, повторно
и можеби безгранично,
таму кајшто времето не се мери
со просторни величини
и кајшто, конечно, не се дели
иако, да признаеме
навиката да живееме раздвоено нѐ збунува
сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме
да ја избереме спалната, креветот
да постелеме нови чаршафи
само за една, за наша употреба
купуваме ноќници за истата прилика
се тревожиме од наглите отворања на вратата
низ којашто проблеснува вселената
сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Субјектното држење и со тоа секое субјективно спознание станаа неиздржливи.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Додека одев кон своето место, го уловив погледот на Луција: таа насетуваше некаква крупна промена кај мене, оти никогаш порано јас немав задоцнето, ниту пак разговарав со таков циничен, препотентен тон со некој наставник; ме гледаше од ниско, и јас знаев дека меѓу нас е готово, дека мојот циркус е посилен од нејзината Партија; од друга страна, покрај неиздржливата болка дека ја губам, дека поминувам во еден друг свет, дека се реинкарнирам уште при живот, чувствував една неподнослива леснотија на постоењето, една слобода која ме опиваше: јас го имав, наспроти овој дисциплиниран клас, мојот циркус, и мојата Ина, со која за една ноќ бев полбизок одошто со Луција за четири години.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Стануваше од клупата затоа што болката во коските беше неиздржлива, а потоа повторно и речиси веднаш седнуваше, затоа што беше премногу зашеметен за да може да се држи на нозе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Грижите на работата во Комесаријатот му го толчат мозокот и штом ќе има малку послободно време, мислите му се ројат како пчели во темна кошница и тогаш почнуваат неговите неиздржливи главоболки.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Да не живеевме секогаш крај води, маките ќе ни беа уште поголеми, неиздржливи, неизминливи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Да не реагирав на неприродните и неиздржливи сталинистички изливи на програмираниот директор на домашниот театар, јас сигурно ќе реагирав подоцна на ова патување во знакот од прославата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Католичката милосрдна сестра, Французинката Писи, која во Солун работела во француската болница и поради тоа контактирала со наши луѓе и ја познавала доста добро неиздржливата положба во која се наоѓало македонското население, во својот „Дневник“ се прашува: „До кога ќе оди така? Нема ли да се преполни чашата на горчината?
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Така Митре протурка две години во неиздржлива желба за својата куќа, што ја гледа, а не може да влезе во неа, ниту пак може да разбере барем нешто за своите најмили.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И кога тоа задушување станува неиздржливо, тогаш проговорувам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ама шестиот ден нешто времето облагна, почнаа да капат стреите и Петрета го фати една таква мака, неиздржлива и лута, што тој не рече ни одам негде - ни не одам, ни да ѕирнам - ни да олеснам црева, туку се скри зад тезгето и куц-куц, ајак-ајак, се исправи дури на крајот од редот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ваквата неиздржлива агонија ја прекина жена ми, кога еден * Запис пронајден во мемоарите на среќно оженет човек ден ми кажа дека вистинскиот татко на детето не сум јас, туку некој ментално заостанат човек, пациент од душевната болница во која таа работи.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Врвеа тешки денови. Мачни. Неиздржливи.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)