ненадеен прид.

ненадеен (прид.)

Зашто, само така полесно ќе биде и подобро ќе може целта да се обвистини: ударот да биде ненадеен и силен.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Молчешкум ги слушав не разбирајќи ги докрај тие бескрајни разговори за ликовите од албумите, кои бликнуваа во собата исполнета со чад, напати низ радосните, ведри тонови и живите раскажувачки надвикувања, понекогаш скриени во нечујните шепотливи коментари и придушениот кикот или тргнати од ненадејната гласна смеа на присутните, а потоа, другпат, лебдејќи во дневната соба, во успорените кажувања полни со паузи, со завладеани тишини и говори со стегнато грло.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Една вечер враќајќи се со автомобил од некој концерт, мојот пријател Норман и јас останавме опсипени од сликата која изнурка од некој мрачен подвозник и удри во автомобилското стакло налик на ненадеен кошмар.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
После редовна употреба, ненадејните прекинувања можат да бидат опасни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Винстон ја посматраше еден миг. Потоа со ненадеен брз скок го грабна парчето чоколада од раката на сестра си и избега низ вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека раѓаш деца со крик радосен и болен Сакам твоите стапки да бидат збор ненадеен.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Нејзината ненадејна смиреност ја збунуваше полицијата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бранот ми ја донесува очекуваната, сепак ненадејна слика – и додека се препознавам во неа, јас знам дека си играм, играм и уживам во слатката несовршеност на постоењето.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Иако за Бојан таа ненадејна појава значеше извесна разонода, мало пополнување на времето, криковите му донесоа и еден сосем одреден неспокој.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Патувањата беа неповторливи. Игрите и средбите во ненадеен низ на блескотини изненадувања.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Родителите имаа притаена и смирена побожност што никогаш не ја пренагласуваа низ верски дејства, повеќе во нив беше насобрана некаква нужност за верување во единствената семоќна сила, по толкуте неприродни умирања во семејството, ненадејни и неизвесни преселби, постојано страдање, нови напори за прилагодување во туѓата средина...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ме обзеде ненадејна тегобност па се вратив дома, ги спуштив ролетните и го вклучив телевизорот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Глигор стоеше пред него, готов да го заштити од ненадеен и случаен налет од темнината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Така и со појавата на срната, иако таа го разнежи, иако почувствува задоволство дека може да ѝ помогне, сепак изостана онаа вистинска, пенлива детска радост, што би се случило кога би бил и дедо му крај него, кога снегот не би паѓал толку застрашувачки и кога не би постоел тој скриен, тој леден страв што го остави ненадејното волчешко завивање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И од оваа мимолетна средба, неочекувана и ненадејна, во устата почувствував горчлив вкус, а во пазувите студенило што ми го праќаше павтежот од полите на зелениот мантил на тој човек.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден ненадеен, не многу силен налет на ветрот, ги разниша блиските буки, го потисна удолу чадот што пред тоа се вишеше над колибата, го зачади просторот наоколу, се вовре и во носот на момчето, донесувајќи му искрена веселост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
VIII Во животот на Мајка и Татко, за нас, нивните деца, постоеше секогаш промолчуваната стратегија за спасот на семејството преку преселбите, ненадејните заминувања, чии причини, нивната суштина, некогаш не можевме да ги разбереме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Уште кога ја грлевме пченката во Латкова ливада и кога се притемна небото, како ненадеен облак да се вдаде однекаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неволно, ги протегна екстремитетите надвор од креветот, ги зеде очилата со диоптер - 3.5, без кои никогаш во разговор не би можел да ја употреби придавката „очигледно”, ги стави на себе панталоните кои ги носеше веќе четврти ден од неделата и не помисли дека треба да се облече поинаку заради некоја ненадејна средба која би можела да му излезе во пресрет на денот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Повеќе