непокорлив (прид.)
Мајка ми не можеше да поверува дека генот на Скендерови е толку доминантен, каде и да се размножуваат низ светот. Едноставно, непокорлив!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кејтеновиот син стоеше сам, далечен, како некој бран, токму така како некој откинат бран, некој бран пустиник, како некој слободен и непокорлив бран стоеше сред домската пустош.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)