непредвидлив прид.

непредвидлив (прид.)

Сакам да ја калам волјата на возвишености, на непредвидливото и недофатливото, на крупни мисли, да одмавнувам на секојдневните кавги, во срцето да носам свечени двобои и пелерини.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секој збор одвлекуваше во непредвидлива семантичка стапица, од која не можеше да се излезе лесно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој го чувствува фактот дека максималната валентност на соответна содржина може да се постигне само и доколку таа содржина се вгради во нејзината природна метричка и акустичка структура, доколку ја зголеми нејзината тензија со ефектите на обртот и непредвидливоста, и дека носечка суштина на јазикот на поезијата е неговата рефлексивност.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Малку мир и среќа речиси по правило се плаќаат со непредвидливи трагични настани.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Векот на чувствената сензација е непредвидлив: поетот ќе ја прими неа во времето и ќе му ја предаде – на времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ова семејство беше речиси истрошено од непредвидливите селидби, од судбината секогаш да се свикнува со нови дотогаш непознати луѓе со нови обичаи, со оставени блиски, куќи, ниви.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И, бидејќи не се може да се контролираат работите до мерка која се чини задоволувачка, се утешуваш дека можеби токму низ непредвидливото и низ недофатливото, се раѓаат богатите и сложени склопови кои најпосле и самиот тебе ќе те задоволат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во текот на изминатите сто години Анри Поенкаре и неговите интелектуални ученици согледале дека доколку еден систем се состои од само неколку дела кои меѓу себе силно заемодејствуваат тој систем може да пројави непредвидливо поведение. Со тоа тие ја откриле теоријата за хаосот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дали се наследува овој Мајкин јазик, дали се учи и дали се доучува во непредвидливите меандри на минливоста на животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
За Правдољубивиот, опседнат со братоубиствената војна, сиромаштијата на државната благајна и постојаната закана на гордите азиски освојувачи, патрицијот припаѓаше на групата сестрани интелектуалци, но крајно немоќни пред непредвидливото тркало на историјата, кое во деновите на агонијата на Царството, сотираше со вртоглава брзина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во тој пасос бев рекла дека таквата десакрализација знае да настапи непредвидливо и молскавично и дека на следбениците на водачот дотогаш издигнат до степен на Божество, наеднаш ќе им потемни светлината на неговиот ореол и тие ќе останат бесни на себе што до вчера го обожувале.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По нејзиното доаѓање дел од основните методи на дотогашната работа, што се потпираа на долгогодишното искуство, или го изгубија своето значење, или бараа неодложно прилагодување на непредвидливите ситуации, но многу позбунувачки беше тоа што се случи со началникот Круме Волнаровски: јас станував сѐ повеќе несигурен и неспокоен, затворен и оттуѓен, лош кон другите и кон себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Секако, и јас би можел да бидам тој услужлив размрсувач на збрканостите што ги предизвикуваат непредвидливите игри на случајноста!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа беше еден од нејзините најмоќни начини да ја изрази катарзата на семејната среќа, запрена на некоја од непредвидливите меандри на егзилот, потоа извишена и запрена врз облакот, како во слика на Марк Шагал, спасена од фаталните граници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Немаше човек да не го познаваше Чанга. Тој имаше остар и непредвидлив ум, не беше лесно некој да го надмудри.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И сега кога, во слободата, по победата над фашизмот, требаше да се плати некаква цена, жртва за апсурдот – да се уништат козите, вековната основа за опстојување на луѓето од овие каменити предели и на непредвидливиот балкански релјеф.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XXIV Само на границата, на најклетата балканска граница, меѓу Албанија и тогашната Југославија, можеше да се измери сиот страшен немир низ кој минуваше непредвидливата историја на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Влезот на странецот во заедницата се смета за вознемирувачка промена, опасен и непредвидлив чин.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Новата книга во Татковото вавилонско одајче, крај чардакот, го означуваше влегувањето, често враќањето на самата надеж, кога таа нѐ напушташе во времето на непредвидливите настани на историјата во нашиот дел од Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе