непресметлив (прид.)
Инаку зошто ќе ни требаше да се посомневаме дека некој непресметлив можеби дошол за да ни ограби некакво божемно богатство кое никогаш не постоело.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Таа најчесто им се додворува на непресметливите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ништо не му реков на Земанек за онаа вечер; му реков само дека сум ја видел Луција со тетка ѝ на корзото, и дека не сум ѝ пристапил; тој рече дека умно сум сторил, оти сум бил сѐ уште неистрезнет и непресметлив.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не се сеќавам дали појадував. Наутро, во онаа непресметлива забрзаност често го отворам фрижидерот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Генералот со непресметлива гордост погледнуваше кон својата гарда, со поглед кој заминуваше некаде зад небото, зад сонцето и извикнуваше: Животот е еден и единствен!
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Но мојата непресметливост пак ме фрли во морето на животот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Некои го сметаа за чудак, други за чукнат, а трети го сметаа за непресметлив и бегаа од него.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Работното место налагаше Гоше да користи огнено оружје, но испитувањата на службите покажаа дека засега “тоа прашање е отворено” (“нагласено темпераментен до благо непресметлив”, стоеше во специјалистичкиот наод на службите), па на располагање имаше секира со кратка рачка, со остро сечило и со наназад силно издаден тупук.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Стоев збунет и раскрвавен; ништо не преземав (всушност знаев дека паниката нѐ прави невнимателни, а при вакви состојби невнимателноста е сестра на несреќите), а потоа, сосема неочекувано, како од некоја непресметлива далечина, се јави гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А што се однесува до Даскалов, згрешив кога помислив дека заклучил оти во спомнатава игра е содржана и некаква болна непресметливост.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ја погодил со ножот среде срцето. Судот го прогласи за непресметлив, а изгледа и беше.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Непресметлива и наивна. Топла. Ако не ја негуваме умира и се гаси.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Математичарите, кои и самите се пагани, сепак им веруваат на ’паганските басни’ и изведуваат заклучоци, не толку поради дупките во сеќавањето, колку поради некоја непресметлива спреченост на умот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Особено треба да внимава на начинот според кој ќе се однесува спрема неа, за да не дозволи Марија повторно да ја обземе нејзиниот непресметлив гнев, кој станува сѐ почест и поопасен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Точно, Ракоткин беше непресметлив човек.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Поврзувачката метафора за пресметливите и непресметливите елементи на овој свет.“ (W.E. Matthews, Mazes and Labyrinths) Заобиколно се стига до средиштето, дури со обиколниците се постигнува совршенство.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)