нерв (м.)
Во новово време сите сме на работ на нервите и живеачката сѐ повеќе ја доживуваме како синџир од неуспешни реформи во кој ни се препелка чекорот кон лесно ветената иднина.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Гудало од слатки нерви се скокотка и се игра со некаква виолина.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Не можеше да добие диплома, да матурира; на разговорот со директорот беше дрзок, и на овој му попуштија нервите, оти во есејот Лудвик беше направил некои неумесни асоцијации и за него, и за неверството на неговата прва жена.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ти со тие твои глупави дофрлувања ми одиш веќе на нерви.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Туристите и летувалците губат многу нерви поради бавните услуги во рестораните.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За да се извади албум требаше да се потроши време, труд, нерви и многу пари за откако сам ќе го издадеш да те начека џандар на улица и со само една казна за неносење каиш да ти отиде целата заработка од албумот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Твоево подновено интересирање ме вади од такт. Можат некој ден да ми попуштат нервите и да ја извадам на видело.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Недефинираниот шум, кој суптилно, но сигурно, ми ги растројуваше нервите кои беа оневозможени да се посветат на дневните обврски, најмногу ме потсетуваше на ѕвекот од топче за пинг-понг, кое непрестајно, во точни временски интервали удираше по некој предмет и се одбиваше од него.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
О
ти располагаш со бол
во тебе се прекршува колективот
и други показатели
О
во тебе се креваат револуции
граѓански војни
и љубов - збирна множина
О
во тебе паѓаат снегови
снегови
О
во тебе тапани
нерви и
булки од секакво потекло
О
во тебе се Тие
О
во тебе отпадоци
остатоци
недостатоци
вертикали и
разновидни
интимни
чувства
О
ти си едно минато
неопределено време
О
можеби си човек.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се надевам дека еден ден тоа ќе се прави на улица и веќе нема да биде мистерија за која се трошат толку нерви и енергија. Ќе одиме ли?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Телото ќе го исчистите со нагонот на повраќање, секогаш кога пред очи ќе ви се појават слики и кога искри ќе ви ги потресат нервите во мозокот, ќе ви се згрутчува крвта во тромб од помислата дека сте живееле во лага, дека сонот бил лажен, дека сѐ било само илузија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Јас станав новата мета иако ни првата не беше доработена, тој наизменично сакаше да игра со двете, а Лима непречено ги губеше нервите и ја јадеше самодовербата кога тој ќе се свртеше со своите игриви очи кон мене.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Од внатрешните потреси нервите му беа склопчени во тежок јазол.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Нему попуштени му беа само нервите. Друго и немаше да понуди во општото ценкање.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Тој дрзок дарител си ги распоредил органите и особините, втиснуваќи се надмоќно во секоја од нив: на тета Наца срцето и подвижноста, на тета Менка цревата и помирливоста, на тета Дитка нервите и досетливоста.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ако, пак, им ги организира чувствата како штипскиот ветер нервите на оние на кои им фрла прав во очите, тогаш аплаузот е спуштен на коленици.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- А потоа како извинување следеше објаснувањето дека живееме во тешко бурно доба, дека нервите ни се изарчени, а време за починка за жал немаме.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ако ми е тешко, вели, мене ми е тешко, не фаќај ме на нервите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не делува умно, си рече авторот. Овој е човек што мисли со нервите, заклучи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)