неслобода (ж.)
Сфатете, предупреди еден меѓу нас
кога народот ја претчувствува
мемлата во говорот, офтиката
несомнено насетува неслобода
осој, таму кајшто треба да припекува
слободата на зборот и мислата
сласта на грлото кога го испушта
гласот милозвучен
ништо подлабоко во човека не пробива од јазикот
во него е сѐ она што по којзнае кој пат било
не само овде и не само во нас.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тоа е прекрасно, навистина прекрасно: вашите браќа плаќаат за вашиот престој, вие уживате во слободата во овој затвор, како што ја нарекувате нашава болница, наспроти неслободата и присилата кои сте ги чувствувале надвор одовде, неслобода и присила далеку помали од оние кои ги чувствуваат вистинските болни, секако, вашата неслобода и присила се сведувала на семеен конфликт, а не на длабок раздор во себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Не вревете, Атињани“4
јавните места, амфитеатрите
и пантеоните ги имате за провод
и лесен живот
за парење и галење
слугите не се за отфрлање
ни робовите, млади и помлади
не сте вие, граѓани
од неслобода засегнати
од немаштија и немоќ, напротив
вие гласате, беседите, мезетите
вие освојувате и патувате
наследувате и ќарите
мажи многубожни и безбожни
дури време е, скрасете се
доста пребиравте
меѓу реториката и политиката
меѓу мантиката и математиката
во вештини, о самољуби, доста се огледувавте
се наттрчувавте и надмудрувавте
заговаравте и преговаравте
недоветни доста се правевте:
сиромашните се собираат по плоштадите
агорите и аулите
првин тивки и потем бучни
првин слаби потем силни
првин малку потем многу!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Новите движења што се појавија во средината на векот, Ангсоц-от во Океанија, Нео-болшевизмот во Евразија, Обожувањето на смртта, како што обично се нарекува во Истазија, имаа свесна цел да ги овековечат неслободата и нееднаквоста.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)