никулец (м.)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
- Не го кажувај ова два пати. Лудиот камен може да те сопне во мигот кога најмалку се надеваш. - ѝ одврати Виктор со својот широк насмев зад кој се криеше никулец симпатија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во тој начин на соопштување, Гита Корец со својата непогрешлива интуиција го препозна никулецот на една состојба што се развиваше како дива билка, како брзорастечки бршлен што во неа предивикуваше силен и неконтролиран страв.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Врчва полна вода, жива вода
чинија со жито, никулци
Прсната водолија.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Првите никулци на јаничаризмот можеа да се најдат во македонската фаланга, потоа во преторијанската гарда на римската империја, кај елитните стрелци на Руската империја, кај египетски Мамлуци Императорите имаа доверба во одбранбените елити на своите гарди кај кои беше тотално збришан првичниот идентитет, речиси засекогаш најдени во тотална амнезија во однос на своите блиски, на својот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Макетонецот дефинитивно нема уметност, освен во некоја рудиментарна форма, никулчиња овде- онде ко атрофирани клиториси и курни отфикароци...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)