ноќева несв.

ноќева (несв.)

Од бездна на кладенец шуртел чад и му ги затемнувал очите на изненаденото сонце што набрзо заприлегало како да ноќевало во стара баџа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ветровите што со тебе ноќевале излетаа ко црвени пеперуги Патува сега таа румена шума таа добра сенка на твојата смиреност таа ведра чадовина О ружо на пладнето дали тоа во нас се населува нова вртоглавица Во белиот камен покрај патот израснува еден румен знак Твојот цут во каменот се враќа Дали е тоа предзнак и за нас што дојдовме многу од далеку во тихиот предел на спомените.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
На третата ноќ, додека караванот наш мал ноќеваше, Филозофот ме разбуди и рече: го отклучив записот и видов што има зад буквите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Небаре бастрата да ноќевале тука.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога бегавме од болеста немав време да мислам кај сум, кај ноќевам, како ноќевам. Тогаш мислев само на децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Божем некои комити ноќевале во нивните трла некоја ноќ порано а тие не пријавиле на власта.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Мислам оти лубениците пукаа кога ќе се преполнеа со смеа, па ти сакаш верувај сакаш не верувај“, беше заклучокот на дедо ми во врска со неговите искуства од ноќевањата на бостанот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
4. ДАЈ МИ, БОЖЕ, ОЧИ ДА ЈА ГЛЕДАМ - и сите ѕвезди тоа боже зеници да ти ги всади нели е таа како сонце заслепен ќе си везден, а огнот љубовен, ко месец, ќе ти ноќева во гради...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Спроти недела на моите колена кога ноќева Нејзините ѓерданчиња од црни и жолти пеги на вратот - Како љубопис спроти жетва што го пишувале пеперутки Нејзиниот глас – потих од нејзината сенка во зорите, Нејзиниот од – потаинствен од прошетката на светлината Низ земните длабочини до плодовите Дури ножева таа На моите колена Незнаен ковач жар на дланката ми носи Да запалам цигара.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Летно време, во привремените колиби и трла излегуваа од селото и други луѓе, косеа, жнееја, садеа компири, но од доцна есен, па сѐ до пролет, освен во исклучителни случаи, кога ќе наминеа ловци, кога ќе ноќеваше кај некого од нив шумарот или кога ќе им дојдеше некој од дома, старците беа сами, како да се наоѓаа во прогонство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Па дури и да ти рекол да влезеш не значи дека мораш да се втурнеш во дуќанот за да ноќеваш во него?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Долго бабичката ќе прикажуваше, но дамкавиот ѝ приоѓа и замислено ја прашува кај ќе ноќева.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Вечеравме, го викна келнерот, Мане му плати и побара една соба за ноќевање.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- А некни; во црквата во која ноќевавме го изгоревме олтарот и иконите и со тоа, ми се чини, како да изгоревме дел од душата на народецот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
„Никој не ноќевал на Орелска Чука! Никој. Дедо ќе се грижи. Нека се грижи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откако, по сите обиди за поправка, не можеле ништо да направат со колата и откако виделе дека таа ноќ не ќе го продолжат патот и мислеле каде да ноќеваат, им се приближиле маж и жена кои им понудиле и помош за колата и гостопримство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во Скопје бевме многупати. Ноќевавме во хотел „Бристол“.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Што ќе чинат некрстените - слегле од седла и решиле да ноќеваат на тоа место.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Под ова небо што не ноќева во празни срца она што беше еднаш видено или наслушнато само сè побрзо се оддалечува во чудесна преобразба од бегалец во прогонувач кој не верува дека некогаш пак ќе ни се придружи.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Повеќе