обележи св.

обележи (св.)

Комисијата повторно да се врати и да изврши разграничување врз база на австро-унгарската генералштабна карта од 1911 година, репродуцирана од Географскиот институт на италијанската војска и да изврши обележување на неутралната зона.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој ден обично беше обележен со драгата жетварска песна, со преполни гради од надежи и со ручеци што се паметат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не раскажувајте ми приказни, пробајте и тогаш ќе седнам да дебатирам со сите што поминуваат или поминале низ истото обележување.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Наставникот по фискултура обележуваше кое одделение каде ќе влезе.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Полковниците одеа по кметот и учителот и се загледуваа во оние куќи кои беа обележани со црни знаци - чумини точки останати од времето на војните кога се обележуваа заразените куќи од чума.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Барокната свеченост по повод човечкото преминување во непознатото обележана е со споменични градби или ликовно јасни симболи на предмети како некакви амблеми на протагонистите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А за жал, по сѐ изгледа се случи така: мигот на зачнувањето на новиот здив и новиот живот да биде обележан со знакот на смртта на учесникот во неговото создавање?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да ја обележи хартијата беше решавачки чин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Макроата и дилерите го оставаат на мир, обележувајќи го како безнадежно конзервативен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во една кариера обележана со периодично напуштање на успешните техники и методи на работа, со постојани обиди успешно да се обедини формата со значајната содржина и со една лична блескавост која што често се закануваше да го затемни креативното достигнување, не е лесно да се лоцира адекватниот центар на енергија од којшто целата извонредна креативност се ревитализира самата себеси.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И почетокот и крајот од животот на Мајка, како и неговиот тек, беа речиси исти – сѐ беше обележано со нејзината лична трагика којашто ја поднесуваше и ја потиснуваше длабоко во себе без, притоа, ни најмалку да ги беспокои сите околу себе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога по неколку дена, откога јас се вратив, без да останам подолго со Агна во С (ја замолив, штом го привршам овој мој проект, а само накусо ѝ кажав за проектот, таа да е при крајот на подготовките за доаѓање кај мене во Маказар) и без да ги видам повеќе од еднаш ќерки ми, дојде екипа стручњаци да го разгледа и да го обележи теренот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со неа се предвидувала непосредна соработка на двата Главни штаба, со исклучок во оние делови на Европа што биле обележани за сојузничка инвазија и биле поделени на американска и на британска област на влијание.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Нараторот би ризикувал да ја преземе обичната улога на симболичниот татко, доколку прогресивно не заземал критички став кон тој што ќе го именува како „голем губитник во сите победи и во сите порази со кои е обележана историјата на Балканот”, но затоа ќе биде во можност да ја нијансира својата мисла во друг момент: „Но, во секој од своите порази, неговата душа ќе биде победничка.”
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го обележив кругот со шилестото на казмата. При првото обележување, линијата заради тврдоста на земјата одвај се забележуваше, моравме да поминеме уште еднаш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А, како и секогаш на Балканот, сѐ беше неизвесно и во ова проклето време, во овој мачен половина век обележан со падот на две моќни империи, со две светски војни, пред да можат да се заборават балканските.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Куќите им ги запечатуваше и им ги обележуваше со црна дамка - чумин знак.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Берогројзењето обично се случуваше на почетокот на школската година, во периодот кој хрониките на школските тетратки го обележуваат како Есента во нашиот крај.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Затоа што си обележана, и покрај тоа што нѐ има многу, по статистика, и по комшиите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Неколку агенти на Полицијата на мислите постојано се движеа меѓу нив, ширејќи лажни приказни и обележувајќи ги и елиминирајќи ги малубројните поединци за кои се оценуваше дека би можеле да станат опасни; но не беше направен ниту еден обид за нивна индоктринација со идеологијата на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе