обид м.
обиде св.

обид (м.)

Континуираната употреба води до развивање толеранција и зависност, а обидите да се прекине со употреба можат да предизвикаат болест и раздразливост.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ги подаде уште еднаш двете раце кон мене, во еден обид, за јас да ги прифатам, но виде дека нема простор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Обидот да се влезе низ металната ограда на менталната поставеност ги истисна надежите на Јужнососедството дека ќе допрат, до рајската градина на едноумието на Македонистите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во исто време Турците ја имаат Либија под власт на отоманската Порта и пропаѓа во вазалската кнезовска Србија обидот за донесување на прогресивен Устав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одвреме-навреме во текот на XIX век ние имаме обиди да се пишува на македонски, но поради некои историски причини тие обиди не се овенчаа со успех каков што би можело да се очекува од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Особено кон напорите и обидите да се земе приватно и уште еден клас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Голем е гревот на мојот мрачен обид да ги сквернавам нашите легенди.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Самиот исечок е многу мал, а веста е практично од неколку збора, дека трговецот Никола Поцо бил притворен и држан две ноќи во полицискиот затвор на улицата Хане заради, како што се вели, обид за силување на својата прислужничка.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оваа книга е обид да се направи нацрт на полето што го опфаќа оваа дисциплина, да се покажат резултатите од досегашната работа и да се укажат правците во кои би требало да се вршат понатамошните истражувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Уште една паралела со историјата на Србија: да беше Србија незадоволна од својата судбина во државата на Немањиќевците, таа ќе правеше обид да се ослободи и да им се спротивстави ним со стремежот да се присоедини кон Бугарија; но обидот ќе беше направен и ќе доведеше до саканите резултати само ако дозволуваа историските околности; но последниве не го дозволија тоа и Србија се помири со околностите и беше загубена за Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По поминувањето на наведениот временски период од испраќањето на фамозното писмо на поранешната адреса и по неколкуте неуспешни обиди Авдиќ телефонски да го добие раководството на фабрика, тој се решава да оди директно во просториите кои беа седиште на велешката фабрика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во обид да се помрдне, од раце ѝ падна пушката и, не можејќи да додржи рамнотежа, падна врз неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И не од нарцисоидност туку од љубов и верност кон првичниот поттик, кон првичната инспирација, кон онаа првичан возбуда што ги забележа првите зборови кон овој реквием, основата негова, јас ги сочував нив во нивниот автентичен вид, придружувајќи ги со новите песни со прологот, епилогот и епитафот како обид да ја согледам и изградам неговата поетичка целина.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Првите обиди на новодојдените османски засилувања не успеале да го задушат востанието и покрај силните репресалии над населението.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ми се растура секој обид да составам мислење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Привлечноста е во обидот да се прифатат неправилностите.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Обидот на Русија да посредува завршил без успех.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Всушност обидот да се насмеам на несоотвеноста на наредбата да чекам, што втаса низ ходникот заедно со ситните чекори на Росана, беше причината повторно да го почувствувам истиот оној давеж во грлото што пред малку ме сепна на влезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Болката на душата е стара колку и човекот, екимот изумирал заедно со своите мевлеми, болката останувала како и да се преименувала, а сега тој доаѓа како ништо друго освен како подновен обид со неочекуван, а пресметан убод да навлезе не во душата туку само во мозочната ципа, за да го поврати човекот во оној канализационен жабарник што се вика нормален живот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Иако уште во раниот период кај Ворхол има обиди за сензационални сижеа, неговиот интерес во звучниот период се поместува од дејството на јунакот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе