обиколува (несв.)
Тргнав да го обиколувам Костурскиот округ.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Често навлегуваше во коријата. Ги обиколуваше полјаните, береше китки руен и друго есенско цвеќе, правеше букетчиња, за да ги расфрла после над својата глава и да ги чувствува како му паѓаат на лицето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Цел ден ги обиколуваше ридиштата, помина и откај колибата на покојниот дедо Иван, каде сега за добитокот се грижеше некој туѓ човек, измеќар, бидејќи син му на дедо Иван не можеше да се врзе за колибата, беше премногу зафатен со полски работи околу селото.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кога пред пролетта почна да се топи мразот, секој момент загрижен, тој ги обиколуваше скелињата и насипите. Понекогаш и ноќе со гламна во рацете.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Го обиколува логорот и прашува за животот, за условите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Крсте им нареди на домашните да носат шест недели црно за Благуна, а потоа сите жители на Потковицата ги обиколуваше и ги наговараше да се согласи да го примат Видана нивни.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Студ ми лазеше по дамарите, леднина ми се лизгаше по вратот, се вовлекуваше меѓу ребрата и полека, небаре скорпија се лизгаше по недрата, го обиколуваше адамовото ребро, и застана над лакот, токму над срцето.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Новоста го обиколува светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
III Комисијата неколку дена ги обиколуваше терените околу селото, се качуваше по бреговите и планините, срамнуваше со картата, маркираше.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Мегалон ги обиколуваше своите маслинарници и задоволно ги триеше рацете.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Еминот, се грижеше за езерото и за брегот, обиколувајќи го и дење и ноќе со своите двеста вооружени луѓе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А градителот обиколуваше околу нив, се наведнуваше над нив и секој час им ја мереше работата со еден жолт тенекиен триаголник и со еден оловен висулец на зелен конец.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во слободното време, во неделите и празниците, кога полето е празно, освен овчарите, воларите и говедарите друг никого нема таму па тоа не мора ни да се чува, сам ги истреби и ги огради изворите во Јасики - оттогаш жителите на Потковицата ги викаа Веданови Извори - а во делниците од наутро до навечер, а во убавите лета и преку цела ноќ, го обиколуваше синорот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Однекаде се довлечка пак кметскиот. Тој треба да ги обиколуваше крчмите по службен долг.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
10 О Хошано! – „О, Спаси!” обред во кој седмиот ден на празникот Сукот верниците со врбови гранчиња во рацете го обиколувале жртвеникот на ерусалимскиот храм, како впрочем и верниците во современите синагоги барајќи го божјото спасение
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Само објектот често го обиколуваше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Болен човек со баретка баш како на Че Гевара, а и со тажен поглед баш како на Че Гевара, младиот доктор кој со мотор ги обиколува камповите на лепрозните во Јужна Америка.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Особено на Будим, на чии височинки, над самиот Дунав, се наредиле импозантните стари зданија - црквата на прочуениот унгарски крал Иштван Матијаш, во чие подземје се наоѓа музеј, со најстари унгарски реликвии, со тврдината на аласите, која ја обиколува црквата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Војводата Питу, внушителен и бестрашен, постојано јуреше и ги обиколуваше позициите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Крле гледа дека таа ја води водата на нејзината, ама и на неговата водеиица, та да не обиколува леводесно, таман таа заврши, тој ја бапна пред обете: — Е, море, шо ќе барам јас наки-ваки сиромашки ај дај ми а ти! — и се испули во Неда, се понасмевна и го запре здивот да го чуе одговорот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)