обраќање (ср.)
Објава
повеќе драми се случуваат
во мигот на обраќање
зборовите ги одгледавте
но срцето
неприпитомливо
интимно
тера по свое
граѓани
час е кога мораме
да погледнеме
во мисловните спреги
од нив зависи
тежината на зборот
климата на подрачјето на душата
обновата на смислата
младоста
граѓани
час е да се свртиме
еден спроти друг
со силата на љубовта
во име на огнот
допуштам да се размножува
симболиката
на Дрвото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сликата – една од водечките и најценети достоинства на современата македонска поезија е облик низ кој мислата се мачи да го скамени невидоизменето нашето некогашно време; впечатлива слика на разделбата со оние што одеа на туѓина, сликата на велигденското оро, сликата на жетвата се составки на духовниот пејсаж на македонската географија и обраќањето кон неа не значи враќање кон нејзиното време туку протест кон духовната унификација што произлегува од нашата инертност.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
- Се начека - слушнавме и тројцата, но тоа не беше обраќање што бара прошка или нуди објаснување туку во него како да беше натрупано еден посебен вид самосожалување; обраќањето навистина потсетуваше на џгура од надеж што пред да прегори можеби и била добар јаглен.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но имаше денови кога се нафаќаа за работа речиси ревносно, приредувајќи жива претстава со запишување на своите забелешки и правење нацрти на долги извештаи кои никогаш не беа завршувани - кога докажувањето на тоа што всушност си докажуваат стануваше неверојатно жестоко и компликувано, со суптилно ситничарење околу дефинициите, со огромни дигресии, со кавги - дури и со закани со обраќање до повисоки инстанци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Требаше да се видиме вчеравечер, во 19 часот – рече Грофот, но тоа не личеше на обраќање кон мене туку гласно искажување на она што го пишува на листот на неговото биро.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Директорот – откако дозна дека ќе биде тужен – го викна оштетениот работник, заедно со уште десетина други работници, и им одржа сочно заканувачко обраќање во кое им рече дека тие не се лојални на фабриката, но сепак, заради неговата „добродушност“, тој нема да ги избрка од работа, а нив ни случајно да не им текне преку извршител да ги бараат евентуално досудените пари што им ги должи претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Те нема дури ни формално: доколку внимателно ги препрочиташ сите 64 нејзини писма, коишто (впрочем!) го претставуваат најдобриот и најинтересен дел од Твојот епистоларен роман, лесно ќе забележиш дека Елен Лејбовиц Тебе секогаш Ти се обраќа со неутрална формулација Господине, а безмалку во секое обраќање нагласува дека информациите (за Тебе и за Твоите книжевни и други планови) воопшто не ја интересираат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Според строгите сиповски одредби за секое обраќање кон медиумите мораше да се бара одобрение од Централата.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Приказни смислувам, митови, стории
за да те кажам: те именувам, ти се обраќам
и те сликам, те олицетворувам, те отелотворувам
и, да признаам, сѐ што сум напишал досега
до тебе обраќање е:
веслање по вода, воздух, етер, земја
учење на твојот јазик
следење на твојот пат.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Обраќањето за остварување на своите загарантирани права таа го реализира после две години откако истите ѝ се прекршени, поточно кон средината на 2003.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Дали беше во прашање тонот на моето обраќање?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Писмено службено обраќање Писмено службено обраќање
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
Пред покренувањето на спорот таа не преговараше со директорот, а по групното обраќање до Трудовата инспекција, од таму не беше преземено буквално ништо.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
- Од такви, историски причини, ние и овде, кај Иле Битолчанчето одржуваме сеќидневни расправи за несреќните настани од минатото - се јави најсетне Овчарот и почна да изведува некаква пантомима, нешто како обраќање кон толпата што само тој ја гледаше, а Мајката и Чауле најпрвин се смееја, потоа одобруваа, и најсетне ракоплескаа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Имавме некоја бледа претстава дека за многумина геј-мажи што од нас беа постари десетина-дваесетина години да се биде геј имало некаква врска со сакањето бродвејски мјузикли или со слушањето песнички од мјузикли и љубовни жалопојки или со Џуди Гарланд или со свирење пијано, со носење пуфкави џемперчиња, пивкање коктели, павкање цигари и со меѓусебно обраќање со „жено“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Да, Срцка! - ова беше првото ново обраќање кон Рада со новото име, што посебно ѝ се допадна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Австриските цариници некако се збунија кога тој ги подигна рамената на нивното обраќање на германски и им го подаде темносиниот македонски пасош.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Одамна, одамна, го имаше напуштено обраќањето кон господ, следејќи го меѓу првите атеистичкиот курс на Партијата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
На генералот, којзнае зошто, ваквото обраќање му се сторило фамилијарно. - Па што ви е, милостив господине, и натаму зборуваше отсечно, зар не го знаете редот? каде сте влегле? не знаете како се одвиваат работите?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)