огнило (ср.)
Од џебот извади огнило, кремен и трат. Тратот го намести на кременот и почна да чука со огнилото.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Од сите прозорци, од сите врати, од сите процепи на бараките, сите ѕидари и сите малтерџии го гледаа пак оној човек, оној Големиот Ристан, целиот заскокан, како елен, како ги дига и ги префрла камењата од старите гробови, како ги дофаќа и ги фрла сите тие огромни стари ќиури, како ги заиверува еден во друг и како притоа камењата испуштаат црвени огнила.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Луѓето како детски играчки (Со изградени софистицирани механизми И со батерии место огнилото на старите пушки) Лесно кршливи Совршени играчки Спремни за употреба ( За злоупотреба) Скок од највисока точка на сознанието Во најкрастава локва.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Меѓу овие прозорци, над самото огниште во ѕидот, има „мазгалка" (едно малечко камарче) во кое стоеле во старо време огнилото, тратта, кременот и неколку страка борина, та кога ќе си дојде домаќинката подоцна да знае каде ѝ е „виделото".
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Камењата, шметнати, испуштаа црвени огнила, а оној прескакаше над гробовите како да е скраја, ниеднаш не стивнувајќи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Митко имаше огнило и трад.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)