одличен прид.

одличен (прид.)

Од него ќе стане одличен борец.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Даскалов се насмеа и ми подрече дека сум бил добар измислувач на утврдени природни појави и дека сум одличен изведувач на експерименти за децата од пониските одделенија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Меѓу селаните настава џагор. Им се виде дека изборот на дедот поп е одличен.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Истиот оној впечаток го имаше тој и при третиот истрел, тој сега речиси и како да си го виде своето зрно, додека леташе како оса и како се закопа во бедрото на она стршилиште, изнаоѓајќи го одлично во виулицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првите две години од училиштето ги завршив со одличен успех, и тоа така мораше да оди и понатаму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Фабриката што го стипендираше неговиот постар брат, одличен студент на Технолошкиот факултет, не можеше да му обезбеди работно место по неговото дипломирање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Националната унија на француската култура и библиотеките го препорачува ова одлично дело во својот жанр.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа беше како травертин, онаа тврда материја која беше настанала од талогот од варовните топли извори, па уште од најстаро време служел за одличен градежен материјал, од кој е изѕидана црквата Свети Петар во Рим.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И на масата од даскалот Бино секојпат се наоѓаа по две три врбови шарени прачки, донесени од одлични ученици, и не беше редок случај да имаат тие работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со Југославија отсекогаш сме имале одлични односи Излегував задоволен, охрабрен од претседателската палата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На децата прилично им се допаѓаше па ја задржавме. Беше одлична готвачка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дојди ми мило и насмевни се, денес сум во одлична форма.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Беше голема и одлична креаторка. Сите многу ја почитуваа и слушаа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Секоја од нив има одредена задача и одлично си ја врши работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Идејата на двата лика да направат мал речник на турцизми кои трајно ја запечатиле трагичната судбина на балканските народи, влијаејќи на нивниот менталитет, иако наликува на наивизмот со кој навидум Хермоген и Кратил кај Сократ расправаат за вистинитоста на имињата, станува магистрална филозофска идеја на овој одличен роман.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Отец Арсенија виде дека Стале ќе биде одличен подвижник ако го кандиса да го заборави овој свет и да се посвети на господа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка не беше била никогаш, на ниту една родителска средба за постарите браќа, па тие си ги завршија училиштата со одличен успех и со примерно поведение.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не ме видоа; од еден пријател, во берберницата во која се бричев, дознав дека имаат и дете, и дека Земанек станал генерален секретар на Партијата, но дека таа партија ги изгубила изборите, и дека политичката моќ им опаднала; сепак, велеше пријателот, Земанек живее одлично како секретар на Партијата, а има и љубовница: некоја млада девојка која многу личела на Луција, кога била млада.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мачорот убаво се намести а Бошко почна да му раскажува: - Ги крева учителката децата едно по едно и им вели: „Васка Петрова, слаба си, вели, Митко Пешевски, подобро да учиш, Димко Арсовски добар си но можеш и подобар да бидеш, и ги крева така учителката сите деца и на сите по нешто им вели. Најпосле го изговори и моето име: „Бошко Стојчески, вели, - одличен.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Беше одлична ученичка без ниту една четворка низ четиригодишното образование.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе