одмагли (св.)
Зајакот одмагли нагоре и се изгуби низ коријата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Денеска јас ќе одам во НКВДЕ, ќе речам и ќе одмаглам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Трчаа луѓето, фаќаа пусија, замавнуваа со стаповите, бодинаа со вилата, пукаа со пушки, но него некоја среќа го служеше: целото искрвавено ќе одмаглеше во шумата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Време над кое се превалува и превртува маглата и правот на заборавот... Време за одмаглување.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Испарив, збришав, исчезнав, се изгубив, одмаглив, на петите им дадов ветер!
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Кога стигнаа на Зедница, и после, додека минуваа низ населбата, жените со кофи истураа вода пред нив, за да им помине лесно работата, како по вода, а полицајците сè уште уверени дека ќе успеат да ги убијат Ѓорета и мајка му Трајана, некако радосни, скокнаа во џипот и по Пазарџиски Пат одмаглија накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)