одоброволи (св.)
Навистина успеав да ја изнасмеам но и да ја одоброволам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Во право си, - реков помирливо и за да го одоброволам излажав: - Многу е глупаво да имаш родители.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Некој му носи понада не од почит кон него, ами кон смртта што го чека и него; му носи што е најубаво за јадење за да му ја одоброволи смртта и да му ја направи помила, зашто животот си оди и како да си го проживеал: добро или лошо, среќно или несреќно; сиот живот е само еден миг: мигот на умирањето: во него сѐ е збрано.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Жолтицата ја сврши работата. Управникот се одоброволи и омекна.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
„Грешиш“, му велам јас, но не за да го налутам туку за да го одоброволам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Бонети времето го проведуваше во селото настојувајќи кметот да ја одоброволи братучетка му Цара, или да му најде некоја друга жена.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„На место волно!“ залаја инструкторката, малку одоброволена. Винстон ги спушти рацете покрај телото и ги наполни градите со воздух.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„А како се чувствувавте?“ му велам за да го одоброволам.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)