одречен (прид.)
И одречно заниша со глава.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ако одговорот на прашањево е одречен, тоа значи дека егоизмот и идентитетот се разрешуваат во претставата на поединецот што постои само на начин да го порекнува ближниот свој.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Разделено се пишува Одречната честичка не од формите на глаголот: не сака, не земам, не реков, не носеа, не дошол, не дошле, не би можел, не викај, не викајте, не знаејќи, не можејќи, не сакајќи. Но: нејќе, нема (в. т. 183), нејќејќи, немајќи. 189.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)
- Се знаеме од некаде - прашав. Одмавнаа со главите одречно.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
— Што велиш, Толе, да ода или да не ода? — го праша Митра Толета и со нетрпение го очекуваше неговиот одречен одговор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Глаголските состави со фразеологизирано значење, образувани од два сопоставени или спротивставени глаголи (глаголски форми): виде‑не виде, влези‑излези, има‑нема, јал‑не јал, кажи‑речи, падни‑стани, појди‑дојди, пооди‑постој, сака‑нејќе.
„Правопис на македонскиот јазик“
од Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје
(2017)