одржи (св.)
Смел е само оној човек кој животот може да го одржи!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Така живееле, суви од иста невојла и плодни како риби, сиромаштијата ги доела на секната цицка и ги одржувала в живот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Долго не можеше да заспие, од многуте запишани заемки, оживуваа во неговиот сон старите куќи, јавни објекти, сакрални и профани градби, кои жилаво се одржуваа во градот по толкуте природни катастрофи и војни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Го одржуваа својот колибарски живот, сееја што сееле и нивните стари, работеа како што работеле и нивните стари, живееја просто и едноставно од плодовите на својот труд, од бериќетот што ќе го собереа по своите планински имоти.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
За нив интересите на Македонија се едно средство да добијат служба и да се одржат на неа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ни јавуваат дека во април се одржал Дванаесеттиот пленум на грчката партија на кој сме рехабилитирани.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Протагонистите се приврзани на низа својствени вредности на еден клан („Сѐ додека нашиот татко беше уште во живот, семејството за нас беше истовремено и држава, и нација, и вера.”) ѝ припаѓаат на идеологијата која го одржуваше култот на една неверојатна монструозна хипостаза на божеството: Сталин.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Американската телевизија налик на голема училница во која се одржува пробна настава.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Покрај надворешните граници на новата Република Албанија, превладуваше густата пајажина на внатрешните граници на земјата помеѓу различни принципати, минијатурни ефемерни републики, прогласени и одржувани во поделената земја од окупационите сили на Сојузниците, од големите фисови, верските конфесии.
„Граница“
од Луан Старова
На 15 септември 2002 беа одржани четвртите парламентарни избори во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Царски е патот на змиите:
ја сечат отмено поврвнината
на брановите, легнуваат по карпите
тивко, како сонце на залез
се лизнуваат меѓу нозе
очи в очи се судираат, исчезнуваат
без страст, без отров
секогаш совест од којашто извираат
водите, се ведат змејчињата
за да се одржи невидливата рамнотежа
- услов без којшто не може ништо на веков.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Внатре владее пролетна топлина која се одржува со гасни печки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Година, година и пол се појавуваше на нивните трибини и зборуваше за нужните промени што општеството мора да ги направи, така што за почеток ќе мора да се одржат фер избори и генералот Стојан да замине од власта.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тоа се типови луѓе кои најчесто се вработени во институциите кај овие првиве, а нивната главна особина е длабоко да пенетрираат кај нивните претпоставени задници со што ќе успеат да се одржат на позицијата во која се дочепале и притоа да не дозволат на конкуренцијата да им го заземе нивното место, а најчесто служејќи се со своите вешти кодошко-лакташки особини секогаш ставајќи му сопка на соперникот и увек гласајќи за партијата која ги убутала на тоа работно место.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Слушнаа за мене и поети од Ману ме викнаа на ручек со нив да ждерам таму покана добив и јас да рецитирам во нивното друштво да им пенетрирам На Струшките вечери седнав на стол одржав говор пијан ко вол аплауз силен, дојки се тресат ми додели венец згодна поетеса
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Проектот предвидува да се одржат повеќе предавања од екологијата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Одржавме состанок и сега ќе седнеме да ручаме.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Пред главниот олтар таа вечер се одржуваше мисата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На 13 јануари 1948 година, се одржа Првиот конгрес на НОФ, на кој се донесоа решенија македонскиот народ да ги стави на располагање сите свои сили во заедничката борба со грчкиот народ за ослободување на земјата од туѓите окупатори — англоамериканците и нивните домашни органи, за демократија и национална рамноправност, за братство и единство.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)