ококори (св.)
А и не можеш да не ги видиш тие истркалани глави со пеплосани лица, со ококорени очи и со отворени усти.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ги ококори очите попот зашто тупотот дојде од кај ковчегот.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Ги ококори поспаните очи и со бушавата бела глава и ѕвоното од ноќница што ѝ го покриваше слонското тело изгледаше навистина и комично и грозно во исто време.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
А сега, повторно во твојот роден град, во Клубот на уметниците исполнет со твоите бои, на твојата секогаш преполна маса (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го сонцето во десниот џеб од панталоните, ниту пак жолтите облаци во шлицот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ме погледна зачудено Масим, синот на стрико Бојан, ја подотвори устата во чудо, ги ококори очите и прекорно ми рече: Какво писмо ти пратил татко, кога тој почина пред една година во Домот за старци во Катланово, го погребавме по сите обичаи на градските гробишта, му правевеме помен на четириесеттиот ден и парастос на годината од умирањето?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Ехе! – се насмеа белиот патник пред ококорените неизмиени сиромаси – иако не верувам дека сум токму тој што си го замислувате, ќе се обидам да ви донесам троа радост и среќа, особено на вашиве дечиња!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тодор ја отвори устата, ги ококори очите и дури сега внимателно ги измери сите четворица.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тукушто се вратив од очен лекар, со очи широко ококорени и жолт како лимон. Ми правеа флуоресцентна ангеографија.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
* На маслото истури му платно, импрегнирај го мозокот, обои го твоето сеќавање! На изложбата (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го виножитото во левиот џеб од панталоните.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Сиве ги ококори очите и му светнаа разни мисли, но ја извади косата и го опкоси тагарџикот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Под тенките црти, накосо поставени веѓи, во очните отворени беа сместени малку подиспакнати црни очи како цреши, скоро секогаш ококорени, како да беа на штрек за набљудување на сѐ наоколу, ништо да не се пропуштело!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Што тресиш зелени“, му вели на Сотира. „Барем снегот го чистеа зиме по патон“, се сврти ококорен Сотир, „една инекција можеше да клајш во амбулантана во Лерна“.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кафеаната секогаш беше преполна: влетуваа во неа Ѓупките со дајрињата в рака, пееја, се виткаа, ја тресеа снагата; гледаа луѓето ококорени во нив, пуштаа раце кон нив да ги фатат, да ги штипнат, но тие како јагули се извиваа и избегнуваа од дофатите; кога ќе им ги собереа парите на луѓето, излетуваа надвор без поздрав, без збогум; утредента пак влетуваа со тие опојни песни и со тоа лудо тропање со дајрињата што свеста ја земаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Не беше израдувана од дињчето, веројатно немаше да биде ни од цвеќето, ќе ѝ се ококореа очите само со мирисот на кафето. - Види што донесов - дигна едно рипче за опавче.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Но мора Живко да дремел на едно око, зашто кога се искачивме на Плетвар ги ококори и двете; па нѐ запре, како божем да побара соодветна грмушка за шушливо олеснување, а всушност да нѐ поведе кон стариот мотел на самиот превал.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Детето ги ококори очите: единствен протест... Потем се заврти. Заплака. Се повлече...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Човекот зина, ококори очи и откако се созеде од изненадувањето, силно ме удри по рамо, па рече: - Така е, брат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И кога ме сети, еда, се сврте, ги ококори очиштата и сега нема каде: јас гледам во неа, еда, таа гледа во мене.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Внатре бев само јас, ни станат, ни прилегнат, ни замижан, ни ококорен, ни болен, ни здрав.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
— Е, другари, одовде натамо јас ќе ве вода. — Проговори Толе и се ококори како човек кој си ја постигнал целта.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)