они зам.
оние зам.
он зам.

они (зам.)

Ми се чини оти они не се прави и ете зошто: Во новата книга се зборува, вистина, и за отцепување и за соединување, но за отцепување од тие што сме веќе отцепени и со кои никојпат не ќе ни дозволат да се соединиме, а за соединување со тие со кои сме морално задолжени да се соединиме и со кои соединувањето е возможно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По нешто поправија и во дупчињата тесни катран намачкаа они.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Никако не смее да се прифати познатата максима „Не можат они да нѐ онадат колку што ние можеме да издржиме”.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Они се божилак, они се прснати капки од врв на земјата па за облаците врзани. He ќе ги заглушат во мене нивните стапки ветровите кон заборав забрзани.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Колку мужи и жени после 30 години брак благодарение на фантастичната Клеопатра открија дека нивните брачни партнери ги варале цел живот, а они биле заслепени овци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Анте Поповски во „Две тишини“ ги цеди од себе токму оние капки што ѝ недостасуваат на реката да се излее, токму оние капки кои се исушиле во мислата пред да се прелеат во зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ниче ги разликувал уметниците кои создаваат од чувство на внатрешна исполнетост и оние кои создаваат од чувство на ограниченост, то ест, максималисти и минималисти; во оваа смисла, Бојс однатре бил минималист, а однадвор максималист.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уште во оние, најубави години, јас требаше да го видам дефектот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Господ на тие таквите му навева добри друшки, па и они си поминуат поарно од другите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Времето по Њутн или Милтон, времето на владеењето на Вилием Орански во Англија, потоа оние неколку десетлетија пред француската револуција - сето тоа има директно влијание врз вашите филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ошче јас не су ја видел арно, та они да ми се ѕверат во неа!“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И кога ќе биде целиот народ готов да загине за своата слобода, кога ќе биде добро наоружан, ќе му дадат, пак они, знак и во еден час ќе се дигне и ќе и истера Турците од нашата земја, да си одат во Анадол откаде шо дошле пред петстотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа пак они Да го грабнат тоа Што го сонив. бессоница Затвори ги очите: Скрбно.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Дедо Боже може вода да им носи на типоиве затоа шо они со еден лаптоп поише знаат од него.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
— Не ќе бидат они, Ѓуро. Мене не ме фаќа умот тие тоа да го сторија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше подготвен за средбата, што беше подготвен целиот тој ден, уште штом ги догледа оние лески напред, зад нагорничавата голина, во кои се забиваше крвавата трага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му беше мака што мораа да го извалкаат и него со уште нешто, оние двајца таму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)