опасен (прид.)
Зар за овој свет Мајкин повод, за една нејзина книга од библиотеката која постојано носеше опасни книги, да го рече за прв пат своето „не”?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Драги патници
времето е вонредно тажно
целта неподатна
летаме на опасни височини
со душоломна брзина
само уште неколку илузии
и ќе се спуштиме
на почетокот
не размислувајте
и не напуштајте го седиштето
сѐ додека наполно не запре
работата на срцето
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Таа теорија беше опасна за српските интереси во Македонија, зашто ќе ја повлечеше по себе согласноста на Србија да се образува одделна македонска држава и со тоа Србија не ќе добиеше ни еден дел од неа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ти можеше да ги предложиш твоите пет опасни зборови, а потоа и јас моите пет неопасни зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој коренен преврат не е опасен само ако е резултат од самостојното развивање на народот.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Последното востание ни покажа оти овој пат по којшто одевме сега е погрешен и опасен.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во порфирните одаи, библиотеките
и зигуратите молкома копнееле
не ревеле, не блуделе, не ловеле
ни ноќе, ни дење
не биле опасни, ни слободни
па сепак живееле!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Следејќи ги наредбите од Атина, органите на грчката црковно-училишна пропаганда во Македонија уште од порано се ставиле во служба на турските власти и многумина од нив се претвориле во опасни доушници и непријатели на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Чадот не е опасен и не пречи да се изгради бањата...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тој смета дека казнувањето на наркоманите во американските градови едноставно создава примамлив и опасен пазар кој се шири и вон границите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ако новото течење од гледиштето на комитетите е нешто опасно и непожелно, тогаш тоа треба да се искорни уште при самиот зафаток; ако тоа само по себе нема почва, тогаш треба да се остави само од себе да исчезне; а ако е полезно за Македонија, тогаш ќе треба да се поддржи од нив.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Некои луѓе (многу мал број) по долга употреба на оваа дрога, имаат проблеми со дишењето кои се толку опасни што можат да предизвикаат смрт; други се жалат на пре-стимулација.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Колку во поскоро време еден народ го изменува својот јазик, толку поопасна и очајна е неговата положба.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
После редовна употреба, ненадејните прекинувања можат да бидат опасни.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Луѓето со такви претерани, нереални, опасни желби мнозина ги одбегнуваат, ги нејќат за другари, за пријатели, за соседи.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Секоја распознатлива алузија на него е смртно опасна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
XLVI Кога започнаа да трагаат по опасните турцизми во балканските јазици кои во толковните и другите речници носеа најчесто ознаки дека се зборови историзми, кои главно си го завршиле своето значење, Татко и Климент Камилски не можеа воопшто да си претпостават, по нивните сестрани потраги, колку продолжуваше мистериозното присуство на овие поими, со незавршено, изменето и разгрането значење во балканските јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XXV Најпосле можеше да биде означен почетокот на мисијата на чистењето на балканските јазици од опасните турцизми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пребаруваа и обајцата во свеста да не останала уште некоја значајна ориентална заемка која и натаму фрагментарно живеела отелотворена во просторот и можела да најде место во нивната конечна листа на (без)опасните турцизми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И Климент Камилски беше свесен дека јазиците биле и може да бидат бојно поле на многу народи и дека со чистењето само на опасните зборови би можело да дојде до спасување на народите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)